fbpx

Н И Ц А

Монако – Монте Карло - Кан
07.03.2025 – 10.03.2025 | 3 ноќевања / 4 дена aвионска програма

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови... Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот... Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот... Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег - најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата...

Авионски лет: Wizz Air ( Тирана – Ница - Тирана)
Поаѓање: 07.03.2025 во 18:30ч. (Тирана)
Пристигнување: 07.03.2025 во 20:40ч. (Ница)
Услуга/Сместување 3 ноќевања со појадок – 3 B&B / хотел 4* во центарот на Ница
Друго вклучено: Трансфери + paзгледи според програма + претставник од Македонија
Поаѓање: 10.03.2025 во 21:15ч. (Ница)
Пристигнување: 10.03.2025 во 23:10ч. (Тирана)
Враќање во Скопје: 11.03.2025 во рани утрински часови

07.03.2025 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ТИРАНА - НИЦА

Состанок на групата на Дрводекор во 10:00 часот и поаѓање кон Тирана во 10:15 часот. Пристигнување на аеродромот во Тирана два часа пред лет. Лет кон Ница во 18:30 часот и слетување во 20:40 часот. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.

08.03.2025 (САБОТА) НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – НИЦА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки или предлагаме факултативна посета со железница на Монако – втората најмала независна држава после Ватикан, кој се наоѓа на брегот на Средоземното Море со вкупна површина од само 2 квадратни километри и претставува уставна монархија и кнежевство. Монако е името на државата и на единствениот град во државата. Бидете дел од оваа луксузна бајка,прошетајте низ самата патека каде што се одржува најпознатата трка Формула 1 за Гран При. Можност да ја видете Палатата на принцот на Монако и официјалната резиденција на монархот, Музејот Наполеон, Катедралата на Монако, казиното.. Посета на Монте Карло – омиленото место на многу славни ликови. Претставува административна област на Кнежевството Монако. Овој град е домаќин на најголемото европско финале во покер, бројни боксерки мечеви и многубројни модни гламурозни случувања. Можност за индивидуална посета на океанографскиот институт, кралската палата, градското собрание и стариот град. А за оние што сакаат возбудливост, адреналин и ризик – можност барем еднаш да влезете во најпознатото казино во светот – Казиното Монте Карло. Слободно време за индивидуални активности прошетки и шопинг. Враќање со железница во договореното време во хотелот . Ноќевање.

09.03.2025 (НЕДЕЛА) НИЦА – АНТИБ – КАН – НИЦА

Појадок. Факултативна посета со железница на Антиб и Кан. Антиб – прошетка низ градот кој претставува бисер на Медитеранот и едно од најстарите утврдувања на Азурната обала.Во градот доминира тврдината Fort Kare во чие подножје се наоѓа познатата ексклузивна марина. Овде се наоѓа и музеј со една од најдобрите колекции на Пабло Пикасо. Продолжуваме кон Кан – прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

10.03.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) НИЦА – ТИРАНА

Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич: стариот град, најатрактивниот пазар на цвеќињата, најголемиот плоштад во Масена и шеталиштето Променаде Де-Англ (прочуеното Англиско шеталиште, долго 5 км, место на кое Ница му должи за својата слава и популарност. Најпознатата градба на шеталиштето е Гранд Хотел Негреско 5* изграден во 1912 година. Разглед на Плоштадот Масена (од каде започнуваат сите големи булевари, кој многу потсетува на северноиталијанските градови и каде се одржува карневал), Градската куќа (Hotel de Ville)… Слободно време. Трансфер од хотел до аеродромот во Ница. Лет за Тирана во 21:15 часот. Слетување во Тирана во 23:10 часот.

11.03.2025 (ВТОРНИК) ТИРАНА – СКОПЈЕ

По завршување на пасошка и царинска контрола организиран трансфер до Скопје. Очекувано пристигнување е во раните утрински часови.

ПАКЕТ АРАНЖМАН – НИЦА
ХОТЕЛ 4*
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 07.03 – 10.03.2025
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 07.03 – 10.03.2025
УСЛУГИ 3 BB
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 3Н / 4Д
Цена по лице во двокреветна соба 599€ / 37.140 мкд
Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 16.Декември 569€ / 35.280 мкд
Доплата за еднокреветна соба 165€ / 10.230 мкд
*Попуст за дете до 11,99 год. -75€ / -4.650 мкд
*Попуст за трето возрасно лице 12+ год. -30€ / - 1.860 мкд
*Трето лице може да се смести САМО на барање, доколку има расположливи соби!

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
 Трансфер од Скопје до аеродром во Тирана и назад,
 Авионски превоз на релација Тирана - Ница – Тирана со Wizz Air
 Аеродромски такси
 Рачен багаж со димензии (40cm x 30cm x 20 cm) макс.8 кг
 Трансфер од аеродром Ница до хотел во Ница и обратно;
 Сместување во хотел 4*на база 3 ноќевања со појадок во центарот на Ница;
 Организиран разглед во Ница со локален водич,
 Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
*Доплата за багаж:
- Чекиран куфер (1 куфер до 10 кг.) ------ мкд.
- Чекиран куфер (1 куфер до 20 кг.) ------ мкд.
- WIZZ Priority + 1 small bag ------ мкд.
*цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
- Факултативна посета на Антиб и Кан – 75€ (локален водич на англиски јазик и карти за воз)
- Факултативна посета на Монако и Монте Карло – 85€ (локален водич на англиски јазик и карти за воз)
- Туристичка такса во Ница – 3 евра од ноќ по лице (се плаќа во хотел на рецепција),
- Влезници за локалитети ( пр. казиното Монте Карло).
- Патничко осигурување
- Сите неспоменати трошоци

Забелешки:
• Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
• Организатор на ова патување е партнер агенција на Сама Холидеј
• За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот и копија од пасош.
• Целосна уплата, најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

Прочитано 74 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top