fbpx

Агенцијата е основана во ноември 1990 година како приватно претпријатие и една од првите приватни туристички агенции во Република Македонија.

Агенцијата САМА Холидеј е составена од тим на млади и искусни луѓе, подготвени со насмевка да ги слушаат сите ваши барања, идеи и да ги реализираат на најбрз начин...

Агенцијата е организирана во сектори за: авио резервации и билети, сектор за организација на патувања и хотелски резервации во земјата и странство, сектор за крстарења, како и дирекција со сметководство.

Секторот за организација на патувања и хотелски резервации во земјата и странство, е препознатлив по добро организираните програмски дестинации, како и програми направени според желбата на групите и индивидуалците.

Секторот за продажба и резервација на авио билети, има добро подготвен персонал со меѓународно искуство, како и искуство стекнато во агенцијата од 1990 година па се до денес. Вработените имаат IATA сертификат во своето досие, вклучувајќи ги и сертификатите за работа со програмите за продажба на авиобилети. Спремни да ви ги понудат најдобрите опции за вашите летови, за чија резервација, цени и ред на летање можете бесплатно да се информирате во нашата агенција.

Доколку сте поддржувач на групни крстарења, САМА Холидеј секогаш има тековни групни поаѓања за вас, (од тури на Медитеранот, Балтикот, Карибите до Далечниот Исток и многу други атрактивни дестинации.

Доколку, сепак, сте љубител на индивидуални патувања и сакате сè да биде организирано според вашето слободно време, препуштете му го тоа на нашиот тим, кој ќе даде се од себе да ви го организира времето на некои од вашите најинтересни дестинации. Нашиот тим ќе ви го олесни патувањето до аеродромот, пристаништето на качување или некоја далечна дестинација, со брзи и најповолни авиокомпании, а со тоа ќе го направи патувањето никогаш поблиску и никогаш поедноставно.

Ако отсекогаш сте сакале да крстарите со некој од луксузните бродови за крстарење и да уживате во сите привлечности на морето, да се будите секое утро во различен град, ние сме тука да ви ги исполниме желбите...

Уживајте во привлечните дестинации како Медитеранот, Грчките Острови, Карибите, Куба, норвешките фјордови, Дубаи, Јужна Америка и Северна Европа или осмелете се да одите на крстарење низ светот.

Директната поврзаност ни овозможува да понудиме најповолни цени во регионот и пошироко, бидејќи цените се прилагодени на нашиот пазар, а ние можеме да направиме понуда за сечиј буџет.

Според важечкиот Закон за Туризам од 2003 г. и последните измени од 2008 година, САМА ХОЛИДЕЈ поседува "Б" лиценца доделена од Министерство за економија на РМ.



Полн назив на компанијата:

Друштво за туризам, угостителство трговија и услуги САМА ХОЛИДЕЈ дооел,

АДРЕСА: Република, Македонија 1400 Велес, ул. 11-ти Октомври бр. 13

тел. факс: +389 43 231 221

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


 

ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА САМА ХОЛИДЕЈ е член на АТАМ (Асоцијација на туристички агенции на Македонија) и член на СКТМ (Стопанска комора за Туризам на Република Македонија)


 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top