fbpx

Локација: Хотелот GOUNOS е сместен во близина на плажата во Лептокарија, оддалечен само 5 минути пешачење од морето.
Хотелски содржини: Рецепција, ресторан, отворен базен, бар на базен, бар на плажа, бежичен интернет (wi-fi), паркинг...
Содржини: Објектот се наоѓа на голем плац со уреден двор со зелена површина. Гостите на располагање имаат мала рецепција со лоби и лифт за полесен пристап до собите. Во дворот е достапен покриен простор - пергола со маси за дружење и релаксирање, и приватен паркинг простор за паркирање на возила.
Ресторан со услуга полупансион, во кој се послужува појадок на отворено бифе (“шведска маса“) и вечера со избор од два главни оброци, гарнир, салата и десерт.
Сместување: Хотелот има 22 комфорни соби, за сместување од едно до четири лица. Собите се уредени според категоријата и располагаат со тоалет, балкон, телевизор и клима уред (кој е бесплатен во период Јули-Август) .
Услуга: Полупансион (појадок и вечера)

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА
-10% за рани резервации до 28.02.2024

TABELA

* Цена по лице за 7 полупансиони
** Бесплатно сместување за прво дете до 3.99 год.

ПОПУСТИ и ДОПЛАТИ:
Во соба SGL (1+1): за 1 дете 0-3,99 г. -100% / за дете 4-11,99 г. -50%
Во соба DBL (2+1): за 1 дете 0-3,99 г. -100% / за дете 4-11,99 г. -50% / за 3 возрасен 12+ г. -30%
Во соба DBL (2+1+exb) : за 1 дете 0-3,99 г. -100% / за дете 1 или 2 4-11,99 г. -50% / за 3 или 4 возрасен 12+ г. -30%

Собите се наоѓаат на приземје, 1, 2 или 3 кат ( зградата има лифт ):
Еднокеветна соб SGL (1+1) 1, 2 или 3 кат (Капацитет 1 возрасен и 1 дете: единечен кревет 100 cm или 120 cm)
Двокреветна соба DBL (2+0) 1, 2 или 3 кат (Капацитет до 2 лица: 2 единечни кревети)
Трикреветна соба DBL (2+1) 1, 2 или 3 кат (Капацитет до 3 лица: 1 двоен + 1 единечен кревет или 3 единечни кревети)
Четири креветна соба DBL (2+2) приземје, 1, 2 или 3 кат (Капацитет до 4 лица: 1 двоен + 1 единечен кревет + 1 помошен кревет или 3 единечни кревети + 1 помошен кревет)

Туристичка такса во Грција за 2025 (Април-Октомври)
*Цената е изразена од соба по ноќевање

Хотел 1*/2*: 2,0 €
Хотел 3*: 5,0 €
Хотел 4*: 10,0 €
Хотел 5*: 15,0 €
Апартмани/Студија: 2,0 €
Вили: 15,0 €
Легенда: HB - полупансион (појадок и вечера)
Цените се дадени по лице, за сместување на минимум 2 возрасни лица во DBL соба, 1 возрасно лице во SGL соба .
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Сместување во хотел за 7 ноќевања со услуга полупансион (појадок-“шведска маса“ и
вечера-избор од два главни оброци, гарнир, салата, десерт).
* Користење на клима уред во месеците Јули и Август.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Туристичка такса од 2€ на ден по соба се плаќа на рецепција по пристигнување (check in) во објектот.
* Превоз до местото на избраниот хотел во Грција (на барање, со доплата, може да се организира превоз до хотелите).
* Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).
* Услуги како користење лежалки и чадори на плажа итн. не се вклучени во цена.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци....

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:
Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR по лице (35 € за деца 2-11.99 год.)
Mеста и сатници на поаѓање:
- Скопје, во 06:00 ч. (паркинг на спортскиот центар "Борис Трајковски")
- Велес, во 06:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во 07:00 ч. (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во 07:30 ч. (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во 08:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Грција:
- Истиот ден попладне.

- Превозот со автобус/минибус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Избор на место за седење во автобус е можно, со доплата од 10 € по патник, не вклучувајќи ги местата од првиот ред резервирани за персоналот.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Редовните цени и цените со попуст, се објавени во ценовникот бр.1 со важност до 30.09.2025 година, или до објава на нов ценовник.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

Корисни информации
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековната достапност на собите (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Чистењето на собите, менување на постелнина и крпи (пешкири) се врши на денот на превземање на собата или секој седми ден.
* За сите прашања во врска со сместувањето, одржувањето и функционалноста на опремата во собите, клиентот ќе ги решава со рецепцијата на хотелот.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети, третиот/четвртиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
* Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.
* За секоја промена на веќе потврдена резервација во хотелите, се наплатува дополнителен манипулативен трошок од 15 € .
Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, во моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.

Услови на плаќање
Во случај на резервации со превоз или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:

1. За резервации со попуст (рани попусти - EB):
- Попустот за рана резервација важи за ограничен број на соби, до датумот објавен во табелата или до повлекување на понудата!
- При резервација e потребна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот-резервацијата.
- Доплатата на вкупниот износ од договорената цена, се врши до 3 недели пред датумот на патување.
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.

2. За резервации по Општа понуда - со редовни цени (освен EB и LM)
- 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
- 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
- 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;

3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
- за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

НАПОМЕНА:
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

 

 

  • Локација:
Прочитано 12 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top