Хотел Москва, архитектонски скапоцен камен на руската Арт Нову, засекогаш го промени изгледот на Белград и набрзо стана омилено место за состаноци на белградската, балканската и светската елита.
Отворен во 1908 година, бил познат како место каде што се создавала историјата на овој дел од светот. Преживеа две светски војни, осум државни системи и стана најистакнатиот симбол на Белград, како и најголемиот шармер на локалната угостителска сцена. Да можеа да зборуваат само ѕидовите на московската палата, ќе слушневме големи приказни за вечна љубов, дипломатски стратегии и преговори, инспиративни уметници, писатели добитници на Нобелова награда, кралски настани, целоноќни разговори... Можеби и тие ќе откријат многу тајни кои можеле да ги слушнат во последните 114 години.
Во својата историја која опфаќа повеќе од еден век, овој историски хотел и неговото познато кафуле биле домаќини на преку 40 милиони гости, а над 4,5 милиони луѓе ја поминале ноќта овде. Затоа, со право може да се каже дека Хотел Москва е најголемиот и најгостопримливиот домаќин во целиот регион.
Цените се дадени по лице од ден
Автобуски или авионски превоз информации во агенција
Цените се во евра за уплата во мкд по пресметковен курс 1 еур= 62 мкд
Во цената е вклучен појадок, користење на Спа и велнес центар, WiFi интернет во собите и јавните површини, Туристичката такса е со доплата 90 мкд на ден и не е вклучена во цената.
Бесплатно користење на Спа и велнес центарот, кој вклучува:
• Спа простор со парна бања, финска сауна, тепидариум и солен ѕид, пространо џакузи
• Фитнес центар (програма Techno Gym)
• Со претходно закажување достапни се и третмани за лице и тело, според актуелниот ценовник на Спа центарот
Информации и резервации 043 231 221