Стокхолм е главниот град на Шведска, но и најнаселен град на Скандинавскиот полуостров во кој живее 22% од населението во Шведска. Основан во 1250 год. Стокхолм од секогаш бил и е економски, културен и политички центар на Шведска. Неговата локација се простира на 14 острови. Градот е познат по својата убавина и специфичната архитектура, неговата чистота и опкруженоста со вода како и големиот број на паркови. Познат и како Венеција од северот. Шетајќи низ неговите улици или пак пловејќи по неговите канали ќе сретнете од најмодерни достигнувања на архитектурата до барокни зданија во кои ќе може да го испиете првото утринско кафе со единствен поглед на некоја од многуте палати со прекрасни градини од кои ќе ви застане здивот за миг.
Топ 10 места од интерес:
1. "Gamla Stan" - стариот град
2. Кралската Палата
3. Бродскиот музеј Васа
4. Музејот на отворено "Skansen"
5. Паркот "Djurgarden"
6. "Fotografiska"
7. Градското Собрание
8. Музејот на современа ументост
9. Крстарење со брод по Stromma
10. "Sky View" - Панорамски разглед
Цена: од €
Во цената на пакетот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Стокхолм - Скопје
- Аеродромски такси
- Хотелско сместување во хотел *** / 4BB
Летови: понеделник и петок
* цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата.
Просечни трошоци:
-Оброк (Примамливи цени во ресторани) 10€
-Вода 0.5мл 1,60€
-Капучино 3,40€
-Пиво 0,5 мл 1,80€
-Билет во 1 правец (Локален транспорт) 3,6€