fbpx

 

Барселона – кралицата на Каталонија, освојува на прв поглед. Град со прекрасна архитектура, град кој го воодушеви Пикасо, градот на Гауди, Хуан Миро, Колумбо, паељи, град на современиот дизајн, град на брегот на Средоземното Море, град кој го крие звукот на брановите и тајните на морнарите, град каде мирисот на морето Ве опива и заведува. Само еден ден, секако не е доволен да ја сфатите магичноста со која Ве мами оваа кралска убавица. Улицата Рамбла, најпознатата авенија не само во Барселона туку и во цела Шпанија, големиот Аквариум - втор по големина во Европа, брдото Монжуик, катедралата Саграда Фамилија, стадионот Ноу Камп, Магичните фонтани, се само дел од најпознатите туристички атракции на оваа убавица кои ќе допринесат, Вашиот престој да биде врежан длабоко во Вашите спомени. Дозволете убавите работи едноставно да бидат дел од Вас.

 

Топ 10 места од интерес:
1. Саграда Фамилиа
2. Големиот Аквариум
3. Брдото Мон Жуик
4. Ноу Камп
5. Музеј на Пикасо
6. Магичните фонтани
7. Улицата Рамбла
8. Делото на Антонио Гауди“Casa Mila”9. Паркот Гуел
10. Шпанско село

Предлог програма:

1 ден Уживајте во прошетката по најпознатата улица „La Ramble”, споменикот на Колумбо, Катедралата Саграда Фамилиjа, плоштадите Каталонија и Шпанија, Магичната фонтана, прочуеното недовршено дело на Антонио Гауди „Casa Mila”, плажата Барселонета, брдото Мон Жуик...

2-3 ден Препорачуваме : Посета на паркот Гауди, Музејот на восочни фигури, музејот на Пикасо, музејот и фондацијата на Хуан Миро, Аквариумот, Шпанско село, одвојте дел од времето секако и за шопинг...Вечерта посветете ја на познатото Фламенко шоу и пробајте од единствената Сангриja.

4 ден Слободно време до заминување на аеродром. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром.

Цена: од 139 € (3 BB)

 

Во цената на пакетот е вклучено:
-Авионски превоз на релација Скопје – Барселона – Скопје/ 'WizzAir'.
-Аеродромски такси.
-Хотелско сместување во хотел 3* на база 3 BB (ноќевање со појадок).
-Летови: среда и недела
Скопје – Барселона 18:00 – 20:45
Барселона – Скопје 21:20 – 23:55
*цената зависи од моментално расположливите места на авио компанијата и хотелите

Во цената на пакетот не е вклучено:
- Трансфер Аеродром - Хотел со редовни 'shuttle bus' линии 6€ по лице (информативно).
- Tакси трансфер Аеродром – Хотел 60€ (информативно).

Предлог хотели:

SUNOTEL ASTON HOTEL *** Цена: од 156 € по лице
RAMBLAS HOTEL BARCELONA *** Цена: од 167 € по лице
SUN AGUSTI HOTEL *** Цена: од 178 € по лице

Прочитано 4962 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top