fbpx

БАЊА ЛУКА-ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА-БИХАЧ-ЈАЈЦЕ

Бања Лука е втор по големина град во Босна и Херцеговина, најголем град во Република Српска. Преставува политички, админстративен, финансиски, универзитетски и културен центар на Република Српска. Бања Лука сведочи за испреплетувањето на различните култури, обичаи и влијанија низ времето, кои оставиле белег на голем број културно-историски споменици. Град со историја, прекрасна природа, фантастична храна и гостопримство.

Плитвичките езера се најстариот и најголемиот национален парк во Република Хрватска. Со својата исклучителна природна убавина, оваа област отсекогаш ги привлекувала љубителите на природата, па затоа на 8 април 1949 година е прогласен за прв национален парк во Хрватска. Процесот на седиментација, кој формира травертински бариери и создава езера, претставува единствена универзална вредност за која Плитвичките езера добија меѓународно признание на 26 октомври 1979 година, со тоа што беа вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Јајце кралскиот град, единствениот град кои го нарекуваат континентален Дубровник. Преку средината на карпите во самиот центар на градот се наоѓа водопад од 22 метри. Град во кои во 15 век е крунисан последниот Босански крал ,а на 29 Ноември 1943 година одржано второто заседание на АВНОЈ на кое е создадена СФРЈ.

Прв ден: 02.05.2024 (Четврток) Велес Скопје – Бања Лука
Поаѓање во вечерните часови од Велес. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

Втор ден:03.05.2024 (Петок) Бања Лука
Пристигнување во Бања Лука во претпладневните часови разглед на градот со локален водич: Тврдината „Кастел“ - лоцирана во центарот на градот на левиот брег на Врбас од времето на Римјаните, џамијата Ферхадија и „Легендата за Сафикада“ (Храмот на љубовта), главниот градски плоштад и спомен плоча од катастрофалниот земјотрес од 1969 година, улица Господска - главната пешачка зона на Бања Лука, Православната црква на Христос Спасителот, Зградите на Управа на банката, Банскиот Двор, Хипотекарна банка се најзначајните објекти од Кралска Југославија, Музеј на современа уметност на Република Српска, Народен театар на Република Српска, Римокатоличката црква „Св. Бонавентура“... Сместување во хотелот. Во вечерните часови можнос за индивидуална прошетка по центарот на Бања Лука со прекрасното осветлување кои дава поинаков шарм на градот.
Ноќевање.

Трет ден:04.05.2024(Сабота) Бања Лука -Бихач -Плитвички езера-Бања Лука
Појадок. По појадокот предвиден е целодневен факултативен излет до Плитвички езера и Бихач. Посета на најстариот и најголемиот национале парк во Република Хрватска .Националниот парк составен од 16 езера групирани во два дела Горни езера во кои влегуваат 12 езера и Долни езера со 4 езера. Уживањето во природната убавина и несекојдневите фотогравии од Плитвице се причината за неговата посета. Денот продолжува во Бихач. Пешачка тура со локален водич по срцето на Бихач. Бихач се наоѓа во северозападниот дел на Босна и Херцеговина и е седиште на Унско-санскиот кантон. Бихач е познат по природните убавини што го опкружуваат, како и по изобилството на културно-историски споменици кои ја раскажуваат историјата на овој град. Слободно време во Бихач.
Во вечерните часови враќање кон Бања Лука.
Ноќевање.

Четврти ден:05.05 2024(Недела ) Бања Лука – Јајце - Кавадарци
Појадок. Напуштање на хотелот. Факултативна посета на градот Јајце. На околу 70 км. од Бања Лука се наоѓа кралскиот град Јајце .Некогаш бил главен град на Кралството Босна за време на средниот век пред да падне под османлиско ропство во 16 век. Ова ја објаснува тврдината на врвот на градот и необичните камени ѕидини што го опкружуваат градот. Друг остаток од ова време се црквата Света Марија и камбанаријата Свети Лука со класичен изглед. Во самиот центар на градот река Плива создав водопад со висина од 22ми се влива во реката Врбас. Музејот на АВНОЈ .... Слободно време за ручек во кралскиот град.
По завршување на посетата се враќаме во БањаЛука
***Патниците кои нема да го посетат Јајце си остануваат во Бања Лука, на враќање од Јајце ќе бидат земени од пред хотелот.
Враќање кон Македонија со попатни паузи.

Петти ден: 06.05.2024 (Понеделник ) Бања Лука-Кавадарци
Пристигнување во Кавадарци во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ до 15.04.2024: 149 евра / 9,240 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 179 евра / 11,100 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Aвтобуски превоз на дадената релација;
• Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Бања Лука;
• Разгледување на Бања Лука со локален водич;
• Придружник на групата.


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;
• Целодневен излет Плитвички езера и Бихач (превоз + билет за националниот парк) – 50 евра – минимален број 25 патници
• Посета на Јајце со локален водич (миниум 25 патници) – 25 евра;
• Туристичка такса - 2 евра (се плаќа во агенцијa)

НАПОМЕНИ:
Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници;
За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање;

***Организиран превоз од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово.
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.

Прочитано 110 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top