fbpx

ПЕТРОВАЦ НА МОРЕ се наоѓа на пола пат помеѓу Будва и Бар и е едно од најубавите приморски места во Црна Гора. Ова мало приморско место е познато по кристално чистото море, долгата песочна плажа и историските знаменитости кои се наоѓаат во неговата околина го прават Петровац идеално место за фамилијарен одмор.
Градската плажа е долга околу 600м и заедно со плажата Личице се едни од најубавите на Јадранот. Во непосредна близина се наоѓаат и две островчиња, а на едното од нив е изградена и црквата Св. Недела.

Во нашата понуда за лето 2024, Ви ја претставуваме вила РЕНОМЕ.

ВИЛА РЕНОМЕ ВО ПЕТРОВАЦ НА МОРЕ, се наоѓа на 200м од плажата Лучице и 600м од градската плажа во Петровац. Вилата е идеален избор за сите оние кои сакаат убав фамилијарен одмор. Вила Реноме располага со студија за три лица и апартмани ( со една, две и три спални соби). Секоја соба (студио или апартман) е опремено со кујна, тоалет, клима, тв, тераса со поглед на море, инренет. Вилата има и базен со лежалки кој е на располагање само за гостите на вилата. Користење на базен од 09-21часот. За најмалите гости има и детско катче. Детско креветче – на барање (бесплатно). Вилата располага и со паркинг - цена од 5 € дневно.

ТИП НА СОБА КРЕВЕТИ ПОВРШИНА 01.05-31.05 01.06-30.06 01.07-31.08 01.09-30.09 01.10-31.10
Студио 3 25 m² 52€ 61€ 77€ 61€ 42€
Апартман со една спална и дневна 4 47 m² 69€ 79€ 93€ 79€ 59€
Апартман со една спална и дневна 4+1 55 m² 76€ 85€ 106€ 85€ 66€
Дуплекс апартман (2 спални и дневна) 5+1 60 m² 79€ 89€ 133€ 89€ 69€
Триплекс апартман (три спални и дневна) 6+2 120 m² 89€ 99€ 143€ 99€ 79€

*Цените се дадени по соба/апартман дневно. Во цената не е вклучена туристичка такса.

НАПОМЕНА
Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
Организаторот не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

 
Прочитано 156 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top