fbpx

ТЕРМИНИ: 23 ОКТОМВРИ 2024- 5 дена /4 ноќевања

01 Ден: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ - КАЈСЕРИ:

Состанок на групата на аеродром Александар Велики , Скопје во 09:30. Полетување на авионот за за Истанбул во 11:50. Слетување во Истанбулво л.в. Полетување на авионот за Кајсери во . Слетување во Кајсери во 21:45часот по локално време. Трансфер до хотел во Гореме. Ноќевање.

02–05 ден: ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА : Престој на база ноќевање со појадок.

05 ден : ЃОРЕМЕ – КАЈСЕРИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ:

Полни со впечатоци, поаѓаме кон Кајсери. Полетување на авионот од Кајсери за Истанбул во зависност од одбраниот термин, според табелата. Слетување во истанбул во. Полетување на авионот за Скопје во. Слетување на авионот во Скопје во (според табелата)по Македонско време

За време на престојот во Гореме – Кападокија, предвидовме бројни магични, возбудливи излети и доживувања кои никако не треба да се испуштат.

ЛЕТ СО БАЛОН: од долините пред „Музејот на отворено-Гореме„ во мугрите, пред волшебното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа авантура никогаш нема да ја заборавите... уживајте во убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако...чудесното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига 700 -1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел.

*Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните. *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).

МАГИЧНА КАПАДОКИЈА: Почнуваме со панорамски поглед од највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме...

Долината на гулабите – Поглед на долина која е големо живеалиште на гулабите.

Посета на фабрика за накит (производство на сребро и злато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил за Хурем Султан.

Потоа го посетуваме подземниот град Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени се 7 ката под земјата. Истиот е поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км....

Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендез, со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме, турско кафе, чај или сок од калинка, разладувајќи ги нозете во реката (во зависност од временските услови и честите реконструкции). Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река...

По ручекот продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. Враќање во хотел.

СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА: Предлагаме особено возбудлив излеткој води буквално во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита на УНЕСКО од 1984 год.

Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработени сувенири. Ручек во локален ресторан.

После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини:

Дервент - долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”.

Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.

Пашаба - или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„. Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најмногу фотографирано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Пашаба долината е прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.

МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија.

* Тврдината Учхисар: Највисокото брдо/тврдина во Кападокија. Прошетка низ долините во подножјето на тврдината каде до 80-ти год. од минатиот век живееле луѓе во пештерите под брдото. Можност да се видат се уште автентични „домови„ од блиското минато.

*Посета на голем салон и продавница за слатки и сушени овошни плодови.

* Долината на „Трите Убавици„: Посета на долината каде ќе ја слушнеме тажната легенда за “ Трите убавици”. Една од 3-те најпознати „разгледници„ на Кападокија.

* Ургуп .Патуваме кон најголемото место во Кападокија, со траги од стари Грчки, Римски и Селџуцки куќи.

* Мустафапаша.Посета на некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото. Место каде живее веќе трета/четврта генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска Македонија 1923/4 г. кои сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија.

* Ќе ја видиме и црквата Константин и Елена, во центарот на Мустафапаша, градена од страна на богатите жители (Грци) на Мустафапаша.

* Јerveni cave hotel:Со задоволство ќе Ви покажеме CAVE (пештерски) хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува Македонски јазик со Егејски дијалект. Во големото фоаје на хотелот е прикажана и историјата на мачното патешествие на жителите – Турци од Јервени, Егејска Македонија кои таму живееле, некои со векови. Ќе слушнете тажна приказна за протераните жители со размената на населението 1923 помеѓу Грција и Турција.

Заслужуваме пауза за едно вистинско турско кафе или турски чај.

* Ортахисар. Излетот го завршуваме во Ортахисар – “средишна тврдина” во превод, или како жителите ја нарекуваат “Највисокиот Самовилин оџак во Кападокија. Висок 90 м. и служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Типично старо Кападокиско место, со вклесани куќи во вулканските карпи. Од видиковецот над Ортахисар ќе имате прекрасен панорамски поглед на градот. Место каде се снимаат автентични ТВ серии.

Ручек во локален ресторан.

Враќање во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме или ........

ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности :

- “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура. (Дозвола за управување не е потребна) или....

- “BUS SUNSET TOUR”: Одиме на прекрасен видиковец над Долина на Розите и Црвената долина: Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можност за прошетка по падините на вулкнското брдо уживајќи во најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.

За љубителите на авантури, можност за пешачење низ самата долина (4,5км) помеѓу самовилините оџаци, да се протнеме низ нив, уживаме во волшебниот пејсаж, додека сонцето полека заоѓа. Ќе ја посетиме и Црквата со Крстови од каде црвената долина е како на дланка.

Црквата на крстот (турски, Хаџли Клисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Црквата на крстот е една од најдобро сочувани цркви во Кападокија што треба да се посетат.

Архитектурата на Црквата Крст е со богато теолошко значење. Спектакуларна фреска со Исус Пантократор во апсидата и огромниот крст врежан во таванот се смета дека датираат од 7в. Локацијата на крстот над главата укажува на суверената моќ на Бога што го штити својот народ одозгора. Апсидната слика (Христос во слава) ја носи истата теолошка порака - Исус на својот престол владее со светот и го благословува својот народ. Исус седи на својот небесен престол како владетел на светот, опкружен со ангели и светци кои го фалат. Архангелите Михаил и Габриел стојат однадвор. Во империјална облека, тие се појавуваат како војници на должност.

ТУРСКА ВЕЧЕР : Во вечерните часови одиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц, во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна вечера по ваш избор и неограничена дегустација на домашни пијалоци: вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.

ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: Секако дека навоѓаме временски простор, покрај сите излети, да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите проследен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

ЈАВАЊЕ НА КОЊИ: Во раните утрински часови можност за едночасовно јавање на прочуените убави коњи во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци. Во зависност од вашата вештина на јавање, се одредуваат и патеките по кои се јава.

ЈАВАЊЕ НА КАМИЛИ: Во раните утрински часови можност за едночасовно јавање на камили во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци, додека Балоните летаат над вас. ( во зависност од временските услови).

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 евра *

Цената со (*) важи доколку повратниот лет е во 05:30
Доплата за повратен лет кон Скопје во 13:30 : 50 евра
Доплата за еднокреветна соба: 170 евра

Цената на аранжманот зависи од моментот на резервација т.е. цената и слободните места во авионот и хотелите. Плаќање во денарска противредност 1€=62 мкд

“NOAH’S ARK” Cave/Stoneхотел во центарот на Гореме. – Уникатно доживување, престој во потполно нов Cave/Stone хотел, луксузно опремени соби со ТВ, купатило и тоалет, клима/греење...Со прекрасен поглед од терасата на хотелот кон многуте Самовилини оџаци и панорамата на Гореме. Wi-Fi. Ограничен број на соби. Дополнителни соби, во блиските cave/stone.хотели.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

Авионски превоз со PEGASUS AIRLINESСкопје-Истанбул-Кајсери-Истанбул-Скопје
Аеродромски такси
4 Ноќевања со појадок во Cave/Stone хотел, во срцето на Кападокија, во најубавото туристичко место Гореме.
Трансфери од аеродром Кајсери до хотел и назад
“Light package”багаж,максимални димензии: 40х30х15 см., 3 kg, за под седиште.
Услуги на локалната агенција,
Организација на патувањето,
Туристички пратител на патувањето (за групи над 10 лица). Индивидуалните патници ги пречекува нашиот партнер од Кападокија а излетите се на Англиски јазик.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Задолжително патничко осигурување 250 мкд,
Туристичка такса 2 € по лице од ноќ. (се плаќа во агенција, во денарска противредност)
“Saver package”багаж : доплата 50€ вклучува: “Light package” + 1 кабинска торба/куфер со димензии 55х40х20 см, 8 кг + 1 торба/куфер кој се чекира, 20 кг максимум. (резервација и плаќање исклучиво при пријавување)
Факултативни излети и не спомнати услуги.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

“Магична Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (65€),
“Срцето на Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (65€),
“Мистична Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич : (55€), Пијалокот не е вклучен за време на ручеците.
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: “МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА”
“Магична Кападокија” + “Срцето на Кападокија” + “Мистична Кападокија” = 170 €
КОМБО Пакет: Пакет излети „Магија на Кападокија„ + Турска вечер : 200€

Дополнителни факултативни атракции во Кападокија

ЛЕТ СО БАЛОН - (од €). Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација, како би навреме резервирале балон по најниска цена. Дефинитивната цена ќе биде позната 10-15 дена пред патувањето.
ATV SUNSET TOUR, (30€) по лице трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: (мин 2 лица)
ЦРВЕНА ДОЛИНА (20€),со залез на сонцето, превоз, локален водич, (мин. 6 лица)
ТУРСКА ВЕЧЕР(45€), со шоу програма, мезе, вечера и неограничен пијалок, превоз, локален водич:
ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ (25€): церемонија , превоз, локален водич:
КОЊИна ИЗГРЕЈСОНЦЕ(40€): Едночасовно јавање на прочуените убави коњи во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци, уживајки во изгревот на сонцето, бркајќи ги балоните (ако летаат).
КАМИЛИ на ИЗГРЕЈСОНЦЕ(40€): Едночасовно јавање на камили во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци, уживајки во изгревот на сонцето, бркајќи ги балоните (ако летаат).
JEEP SAFARI(45€) 2 часа: Утринско возење низ нови долини: ”Долината Узенгија”-скриениот рај на Кападокија, долина богата со кислород и лековита минерална вода. Потоа ве возат до долината каде е мистериозниот Манастир Халач или Манастирската болница и за крај посета на ридот Зиндан – Антички карпест објект кој служел како судница... (цена по лице, за минимум 4 лица)
Резервација и плаќањето на факултативните излети кај нашиот преставник во Турција
За групи до 10 лица, водичот е на Англиски јазик
НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 2 патника.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.

* Цената на аранжманот зависи од моментот на резервација т.е. цената и слободните места во авионот и хотелите.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

* Pegasus го задржува правото на промена на дадените сатници на летовите. Ве молиме да го проверите летот на авионот 24 часа пред тргнувањето.

Прочитано 1074 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top