fbpx

БУДИМПЕШТА-ВИЕНА

БУДИМПЕШТА - Убавицата на Дунав, формирана од двата града Будим и Пешта, со впечатлива архитектура и уште повпечатливиот танц на Унгарската “Чарда“ и најромантичното крстарење под мостовите на Дунав… Виена- некогашен главен град на Австро – Унгарската Монархија, посетен од милиони туристи поради многубројните културно историски споменици, дворци (Белведере, Шенбрун), светска музичка престолнина – град во кој живееле композиторите Моцарт, Бетовен…

Прв ден:10.10.2024 (четврток) ВЕЛЕС- БУДИМПЕШТА

Поаѓање во 16.00ч од Велес (Автобуска станица) , преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности..

Втор ден:11.10.2024 (петок)БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Разгледување на Будимпешта со локален водич и тоа: Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарска Тврдина и др. Пешта, Плоштадот на хероите,Градскиот парк, улиците Андраши и Ракочи, Црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав… Слободно време за кратка прошетка низ центарот на градот по пешачката зона на улицата Ваци. Сместување во хотел.Слободно попладне. Факултативно крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.

Трет ден:12.10.2024 (сабота)БУДИМПЕШТА ВИЕНА

Појадок. По појадокот факултативен целодневен излет до Виена. Разгледување на градот , Плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедралата Св. Стефан, дворците Белведере и Шенбрун. Слободно време во центарот на Виена. Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативна вечера во национален ресторан “Чарда“ со програма и музика. Ноќевање.

Четврти ден:13.10.2024 (недела)БУДИМПЕШТА СЕНТ АНДРЕА СЕГЕДИН

Појадок.Одјава од хотел.Факултативно заминување кон Сент Андреа разглед на знаменитости, слободно време Потоа се упатуваме кон Сегедин кратка прошетка слободно време.Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

Петти ден:14.10.2024 (понеделник)

Пристигнување во Велес во раните утрински часови.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 9.550,00 ден. (154 евра)

Во цената е вклучено:

Автобуски превоз на дадената релација

Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Будимпешта

Разглед на Будимпешта со локален водич

Посета на Сегедин

Организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

Задолжително патничко здравствено осигурување без франшиза – 350 ден.

Задолжителна туристичка такса 2,5е по лице од ноќ

Крстарење со брод по Дунав со локален водич – 25 е

Посета на Сент Андреа со локален водич 15 е

Целодневен излет до Виена и разгледување со локален водич – 40 е

Вечера во национален ресторан “Чарда” – 40 е

Влезници за културно историските споменици


Напомени:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање.
- Трето возрасно лице на дополнителен кревет плаќа полна сума на аранжманот
- Доплата за бирање на седиште во автобус 10€ по лице (за минимум 2 лица)
- Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.
- Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 10 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
- Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.
- За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и ТА
- Организаторот има право за отказ на патувањето до 7 дена пред патувањето во случај на недоволен број на пријавени.

Прочитано 1690 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top