fbpx


Португалија

Период 03.10.2024 - 08.10.2024

Сместување:
Хотел со 3/4* со појадок
Цена: 879 € - рана разервација
999 € - редовна цена

Туристичка такса:
2 евра на ден

Последен рок за аплицирање:
25.09.2024


03.10 - Четврток
- Поаѓање за Белград од аеродромот во Скопје во 04.10 ч.
- Пристигнување во Белград во 05.20
- Поаѓање за Порто во 07.10 и пристигнување во 09.55 ч. По локално време.
- Трансфер до хотел и check in
Прошетката ја започнуваме од главната метро станица Триндаде и ќе се упатиме кон источниот дел на Порто, пеш кон Руа Санта Катарина и Капелата на Душите. Поаѓаме низ Руа Санта Катарина, полна со многу продавници и кафулиња, меѓу кои се наоѓа и едно од најпознатите кафулиња - Маџестик Кафе. Продолжуваме со посета на Црквата Свети Илдефонсо, домот на Градската Куќа - Алијадос, којшто се смета за центарот на градот.
Слободно време за ручек со наша препорака да се проба Португалскиот специјалитет - Франчезиња. По ручекот продолжуваме со посета на главната железничка станица Сао Бенто и се упатуваме кон горниот дел на Мостот Луис 1 којшто ни нуди впечатлив поглед на старите згради на Порто и реката. Се качуваме до Мостеиро да Сера до Пилар за панорамски поглед на Порто, а потоа го заокружуваме денот со слободно време на едно од најубавите места за испраќање на сонцето - Јардим до Моро.
- Ноќевање
04.10 - Петок
- Појадок
- Почеток на втор ден во Порто
Денот го започнуваме со посета на Jardins do Palácio de Cristal, правиме кратка прошетка и се упатуваме кон централниот дел на Порто.
Посета на познатата библиотека Livraria Lello. Слободно време за освежување во едно од кафулињата во непосредна близина.
Продолжуваме со посета на Clergios Tower којашто ни нуди беспрекорен поглед на целиот град. Оттаму низ познатата улица Rua das Flores се упатуваме кон катедралата Se do Porto. После кратка пауза се спуштаме до највпечатливото место за Порто - Ribeira. Слободно време за ручек со наша препорака да се проба Португалскиот специјалитет - Bacalhau com Natas. По ручекот продолжуваме со прошетка до другата страна на реката преку Мостот Луис 1 и можност за факултативна посета на винарија за дегустација на вино.

05.10 - Сабота
- Појадок
- Одјавување од хотел и поаѓање за Лисабон.
- Попатна посета на Назере или светски најпознатото сурферско место во цела Португалија. Тука брановите достигнуваат и до 40м висина
во најдобриот дел од сезоната. Целодневен разглед на Назаре, дегустација на одлична храна, плажа и поглед на Атланскиот Океан.
- Пристигнување во Лисабон во вечерните часови.
- Ноќевање
06.10 - Недела
- Појадок
Го започнуваме денот со посета на Кулата Белем, еден од најживите делови во градот.
Оттука се движиме на самата обала и се упатуваме кон Monument to the Discoveries кадешто има супер поглед кон препознатливиот мост што е налик/реплика на Golden Gate Bridge во Сан Франциско. Од таму продолжуваме кон Praça do Comércio или најголемиот плоштад во Португалија. Тука оставаме слободно време и по наша препорака ресторан за некој специјалитет или пак добро вино. Продолжуваме кон Alfama и Se de Lisboa. Оттука се упатуваме кон Tram 28 - препознатливиот трамвај за градот. Денот го заокружуваме на зајдисонце на Miradouro da Senhora do Monte со прекрасен поглед. Се враќаме во хотел.
- Ноќевање
07.10 - Понеделник
- Појадок и можност за целодневна факултативна екскирзија во Синтра.
Синтра е една од најбогатите и нај урбанизирани во Португалија. Изобилува со историски места, замоци, прекрасни ботанички градини кои ќе ве остават без здив.
Враќање во Лисабон во попладневните часови и слободно време.
08.10 - Вторник
Појадок и одјавување од хотел.
Припрема за враќање на Аеродром во Лисабон.
Лет за Белград во 16.05 и пристигнување во 20.55
Лет за Скопје на Полноќ и пристигнување во 01.30 ноќта во Скопје.


Рана резервација: 879 еур
Редовна цена: 999 еур

Цената вклучува:
- Авионски лет на релација: Скопје - Белград Порто и Лисабон - Белград - Скопје
- 2 ноќевања со појадок во 3/4* хотел во Порто
- 3 ноќевања со појадок во 3/4* хотел во Лисабон
- Трансфер од аеродром до хотел и обратно
- Трансфер од Порто до Лисабон со вклучена посета на Назаре
- Придружител на патувањето
- Вклучен багаж од 23 кг


Цената не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Патничко осигурување
- Туристичка такса во хотел
- Факултативна екскурзија во Синтра - 80 еур
- Сите трошоци кои не се наведени во програмата
- Карти за локален транспорт
- Доплата за еднокреветна соба

Прочитано 4956 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top