fbpx

09. Октомври (Среда) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД - КРАКОВ
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 13:30 часот. Полетување за Белград во 15:05 и пристигнување во 16:15 часот. Полетување за Краков во 17:50 и пристигнување во 19:50 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за прошетка во еден од најубавите градови во Европа, благодарение на одлично зачуваните градби и богатото уметничко и културно наследство. Ноќевање.

10. Октомври (Четврток) КРАКОВ
Појадок. Разглед на поранешниот главен град на Полска: Стариот град, кој е ставен на списокот УНЕСКО, како светско наследство, полн со готски, барокни и ренесансни градби, Краковскиот Барбакан, најпознатиот дел со средновековни ѕидини, главниот плоштадот – Ринек обликуван во 13 век, се смета за еден од најголемите средновековни плоштади во Европа… На плоштадот се наоѓаат многу знаменитости како што се Платнената сала, Базиликата Св. Марија, Кулата на градското собрание и Јагелонскиот универзитет кој е еден од најстарите универзитети во светот и кој е оценет како најдобар во Полска… Ноќевање.

11. Октомври (Петок) КРАКОВ - ВИЕЛИЧКА
Појадок. Организирана екскурзија до рудникот за сол Виeличка. Иако постојат докази дека бил во употреба уште од неолитот, овој рудник непрекинато работел од 13 до крајот на 20 Век. Денес е една од главните атракции во Полска. Долгите ходници поврзуваат галерии со многубројни скулптури и статуи исклесани во солените карпи. Рудникот има девет ката и достигнува длабочина до неверојатни 327 метри. Сепак, за туристите е отворен најубавиот дел од тунелите во должина од 3,5 километри. Рудникот за сол Виеличка се наоѓа на листата на УНЕСКО. Враќање во Краков во вечерните часови. Ноќевање.

12. Октомври (Сабота) КРАКОВ – АУШИВИЦ
Појадок. Трансфер и посета на поранешниот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау, кој е на околу 70 километри од Краков. Враќање во Краков во пладневните часови. Прошетката продолжува до областа Вавел, каде се наоѓаат истоимениот замок и катедралата во која биле крунисани многу полски кралеви. Во Кралскиот дворец може да се видат кралските круни и многу уметнички дела…

Ноќевање.

13. Октомври (Недела) КРАКОВ – БЕЛГРАД - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за прошетки во Еврејскиот кварт Казимерц. Некогашниот град кој го основал Кралот Казимир III, денес е познат боемски кварт, омилен на локалното население, кој го карактеризира единствената атмосфера, со многу ресторани, продавници и културно-историски споменици. Организиран превоз до Аеродромот во Краков. Полетување за Белград во 20:30 часот. Пристигнување во Белград во 22:20 и полетување за Скопје во 00:35. Слетување во Скопје во 01:50 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 555 евра (34.410 денари)

Цената вклучува:
– Авионски превоз на релацијата Скопје–Белград-Краков-Белград-Скопје со вклучени Аеродромски такси
– Багаж за чекирање 1 куфер до 23 kg и Рачен багаж (со максимални димензии 55x40x20cm) до 8 kg
– Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
– 4 ноќевања со појадок во Хотел Ibis Styles Kraków Centrum 3* во поширокиот центар на Краков
https://all.accor.com/hotel/B579/index.en.shtml
– Разгледи и прошетки во градовите според програмата
– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената не вклучува:

– Факултативен излет до Виеличка со вклучена влезница 45 Евра
– Посета на Аушвиц со вклучена влезница 35 Евра
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
– Патничко-здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Прочитано 1183 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top