fbpx

Vila Dimitra,Kalitea

  • Понудата е објавена на 30/11/2016

Инфо за сместувањето:

Вила Димитра е сместена на одлична локација, се наоѓа на 500 метри од плажа и на 2 минути пешачење до центарот на Калитеа. Во близина на сместувањето има продавници за храна, фурна, ресторани, барови. Можност за паркирање има на самата улица пред вилата или на 40 метри оддалеченост од вилата каде што има бесплатен паркинг. Користењето на клима уред се доплаќа во самата вила и чини 5еур на ден.

Вила Димитра располага со трикреветни и четирикреветни студија.

Трикреветните студија располагаат со три редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет и балкон, ТВ, клима и wi-fi, истите се наоѓаат на приземје и едно студио на втор спрат.
Четирикреветните студија располагаат со четири редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет и балкон, ТВ, клима и wi-fi.

Термин
Тип на Соба
1/3 1/4 1/5
14.07 – 21.07 199€ 189€ 169€
21.07 – 28.07 249€ 229€ /
28.07 – 04.08 229€ 209€ 179€
04.08 – 11.08 229€ 209€ 179€

 

1 ДЕН - СКОПЈЕ - КАЛИТЕА
Поаѓање во раните утрински часови (во однапред договорено време) на паркингот на С.Ц. Борис Трајковски. Возење кон Грција преку граничниот премин „Богородица“ со попатни паузи според потребите на групата. Пристигнување во Калитеа и сместување во избраното сместување до 14:00. Слободно време за одмор од патот и запознавање со местото.
2-7 ден - КАЛИТЕА
Седум дневно уживање во убавините на овој туристички бисер на Егејското море. Слободно време за „полнење на батериите“ на некоја од прекрасните песочни плажи, уживање во неповторливиот поглед кон заливот Торонеос, можност за дегустација на грчката кујна во традиционалните таверни… а ноќите се резервирани за луда забава !!! Не ја пропуштајте можноста за посета на некој од факултативните излети кои се нудат во програмата, а за кои подетално може да се информирате во нашата агенција !

Во цената не е вклучено
Комплетна организација со водич на патувањето
7 ноќевања во апартмани
Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)

 

Во цената не е вклучено

Факултативни излети

Патничко и здравствено осигурување

Тагови:

Поврзани понуди

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top