fbpx

Дубаи и Абу Даби
Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација - една од најпосетените во светот. Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивна архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски - центар со 5 патеки и многу други објекти кои го одземаат здивот, со што посетата на Дубаи станува незаборавна.
Плажите се песочни и со разновидни активности, а уживаењето е неизбежно. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која плени со својот бел песок и тиркизно - сина боја на водата. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинското сафари.
Проверете зошто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот?

6 дена/ 5 ноќи

01.03.2025 (Сабота) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД – ДУБАИ
Состанок на групата на ул.Македонија, во центарот на Скопје, спроти хотел Бристол во 03.00ч. Организиран трансфер до аеродромот во Белград. Полетување за Абу Даби во 12.55ч и слетување во 20.50 ч. Организиран трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

02.03.2025 (Недела) ДУБАИ
Појадок. По појадокот тргнуваме кон целодневен разглед на Дубаи. Разгледувањето го започнуваме со кратка посета/фото стоп на локацијата Bluewaters, едно од најпопуларните места во новиот дел на Дубаи. На оваа локација ќе имате можност да ги видите Ain Dubai, JBR, и музејот на восочни фигури Мадам Тисо. Понатаму продолжуваме кон Marina The Walk, каде ќе ја видиме зградата Cayan или Infinity, повторно една од најпопуларните на оваа локација. Продолжуваме со прекрасниот видик направен на палмата The Palm Jumeirah, The View At The Palm, каде од 52 спрат, ќе го согледаме приватниот остров на Шеикот на Дубаи и останатие атракции кои се наоѓаат на оваа локација. Се продолжува кон Souk Madinat, Jumeirah Madinat или Малата Арапска Венеција од каде ќе се види луксузниот хотел Burj Al Arab. Потоа, продолжуваме кон стариот дел на градот, каде ќе ги разгледаме пазарите за зачини, злато и текстил. На оваа локација ќе се возиме со традиционална абра преку стариот канал и ќе го видиме најголемиот златен прстен на светот направен од 24 каратно злато со огромен дијамант. По завршувањето на овој дел, турата ја заршуваме во Dubai Mall, каде ќе ги видите: Dubai Fountain, Dubai Opera, Wings Of Mexico, Souk Al Bahar, и секако Burj Khalifa, како најголема атракција во Дубаи. По завршувањето на една прекрасна атракција на вода во Дубајската фонтана, се враќаме назад во хотелот. Ноќевање.

03.03.2025 (Понеделник) АБУ ДАБИ
Појадок. Целодневен излет до Абу Даби во придружба на водич. Следува посета на стариот центар на градот, можност да се види хотелот „Emirates Palace“, зграда со седум ѕвезди, посета на луксузната претседателска палата Каср ал Ватан (влезницата е вклучена во цената). Продолжуваме со разгледување на новите делови на градот, посета на островот Садијат, каде во моментов се градат нови проекти како Louvre и музејот Guggenheim, Abraham House и до островот Јас каде има тркачка патека Формула 1 и забавниот парк „Ферари Свет“. Следува разгледување на џамијата Шеик Зајед, една од најголемите во светот. Ова уникатно архитектонско чудо е и мавзолеј бидејќи во него се наоѓа телото на таткото на нацијата Шеик Зајед. Слободно време. Враќање во Дубаи. Можност да ги набљудувате контрастите на старата и новата архитектура: Народната банка на Дубаи, Стопанската комора, куќата на Шеик Зајед... Враќање во хотелот.
Вечерта, крстарење по Дубаи Марина, најголемата во светот, со традиционална вечера. Уште една можност да уживате во забавата и спектакуларниот поглед на градот. Ноќевање.

04.03.2025 (Вторник) ДУБАИ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или посета на највисоката зграда во светот Burj Khalifa .
Факултативна екскурзија до MIRACLE GARDEN И GLOBAL VILLAGE. Поаѓање од хотелот околу 14:00 часот. На оваа екскурзија ќе посетиме две значајни атракции на Дубаи, Miracle Gardens и Global Village.
Дали некогаш сте замислиле како изгледаат рајските градини...
Навистина, овде може да се види целата вештина на градинарот, целото богатство на владетелите на Дубаи, сета моќ, раскош, желба за разлика и екстраваганција. Среде пустина, на местото каде што порано имаше сув пустински песок, се појави оваа разновидност на бои и богатство на мириси... А сетилото за слух не треба да се занемари, има и саксофонист чија музика одекнува низ градината... Miracle Gardens е најголемата цветна градина во светот направена од природни цвеќиња. Овој парк има над 110 милиони видови цветови кои се распространети на 72.000 квадратни метри и обликувани во различни форми. Оваа градина започна со работа на 14 Февруари, 2013 година, на Денот на вљубените.
По посетата на Miracle Garden следува обиколка на Global Village. Глобалното село е исклучително популарна атракција во Дубаи, каде на едно место се изградени павиљони кои ја претставуваат секоја земја со нивните карактеристични знаменитости, храна, производи и културни специјалитети. Идејата на креаторите на Дубаи била да ги соберат сите култури на едно место, да ги донесат сите убавини на светот во овој град. Па така убавините на Ирак, Иран, Кина, африканските земји, како да се присутни во еден момент, на едно место - така всушност е создадено Global village. Сите значајни земји во светот се претставени со некоја зграда како порта, во чии ѕидови се крие пазар, каде што можете да најдете производи поврзани со дадената земја - национална облека, храна, зачини, чаеви.
Ноќевање.

05.03.2025 (Среда) ДУБАИ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Можност за посета на плажа.
Попладне (15:00 ч.) поаѓање на ЏИП - САФАРИ ВО ПУСТИНАТА. За време на оваа тура ќе ја видите убавината на бескрајната пустина и нејзините прекрасни дини. Започнува со авантуристичко возење низ златната пустина по големите песочни дини и завршува со уживање во зајдисонцето. Ќе бидете импресионирани од магичната вечер што ќе ја доживеете. Можете да јавате камила, да направите тетоважа со Хена или да пробате наргиле пред да се служи вечерата во кампот. Традиционално забавата ќе ја комплетираат изведувачи на стомачен танц. Ќе следува и возење со професионални возачи, во затворени возила Land Cruiser. Враќање во Дубаи околу 21:00 часот. Ноќевање.

06.03.2025 (Четврток) ДУБАИ - БЕЛГРАД - СКОПЈЕ
Појадок (breakfast box). Организиран трансфер до аеродром. Авионот од Абу Даби за Белград полетува во 09.15ч. и слетува во 12.20ч. Трансфер до Скопје.

За резервација до 22.12: 43.340 мкд (699 евра)
Цена на аранжманот: 47.680 мкд (769 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Автобуски превоз Скопје-Белгард-Скопје
Авионски превоз Белград – Абу Даби - Белград со Визер
Трансфер аеродром-хотел-аеродром
Кабинска тоба со димензии 40х30х20cm до 10кг
Сместување во “Holiday Inn Safa Park” (одалечен на помалку од 2км од центарот на градот) на база 5 ноќевањa со појадок. Хотелот нуди бесплатен трансфер до плажата Jumeirah, Dubai Mall & Burj Khalifa.
Локален водич за реализација на излетите
Претставник од Агенција за време на патувањето
Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Виза за Дубаи 95 евра
Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг, куфер до 20кг...
*(цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 13.000 мкд
Туристичка такса (се плаќа во хотелот)
Факултативни излети: Целодневен разглед на Дубаи (вклучена влезница за The View At The Palm, трансфер, водич) 80 евра, Пустинско сафари (вклучен трансфер, вечера, безалкохолни пијалоци, водич) 65 евра, Екскурзија до Абу Даби (трансфер, водич) 80 евра, Крстарење по Дубаи марина (трансфер, крстарење со вклучена вечера, безалкохолни пијалоци, водич) 65 евра, Burj Khalifa 124 кат влезница 50 евра, Miracle Gardens и Global Village (трансфер, влезници, водич) 60 евра...

Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
Потребни документи за виза: скениран пасош со висока резолуција и слика во JPG формат со бела позадина со големина како за пасош.
Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување и плаќање на излетите се прави на лице место.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

 

Прочитано 635 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top