fbpx

КРАЛСКИОТ МАДРИД

Мадрид, централниот и главен град на Шпанија, град на елегантни булевари, големи и уредени паркови каков што е Ретиро... исто така е град и на страста, уметноста и музиката. Градот поседува богати збирки на европска уметност, вклучувајќи ги и делата во Музејот Прадо од Гоја, Веласкез ... Срцето на стариот Хабсбуршкиот Мадрид е Плаза Мајор, Кралска палата и оружарницата... И секако за крајот на денот за не ја заборавиме страсната шпанска музика и огнениот фламенко танц...


Авион / 5 дена/ 3 ноќевања

07 март СКОПЈЕ -Тирана- МАДРИД
Состанок на групата во 09.00часот. Пристигнување на аеродромот во Тирана. Полетување за Мадрид во 16.30 и пристигнување во 20.10 часот. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.

08 март МАДРИД

Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич: познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес, музејот Реина Софиа, преку познатиот парк Ретиро до еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, Препорачуваме посета на симболот на Мадрид, Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми... Пауза за ручек, препорачуваме да ги пробате популарните тапаси или одберете некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

09 март МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок. Факултативна екскурзија: Толедо, патување до срцето на Кастиља и старата престолнина на Шпанија, градот-музеј под заштита на УНЕСКО. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде имате прекрасна глетка кон градот. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по своите ремек дела на големиот уметник Ел Греко. Враќање во Мадрид. Слободно попладне. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија.Ноќевање.

10 март МАДРИД– Скопје

Појадок. Препорачуваме денот да го посветите на кралскиот Мадрид, на уметноста, можност да се посети музејот Реина Софиа, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Герника” како и музејот Прадо кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило... За љубителите на фудбалот препорачуваме да се посети и стадионот „Сантиаго Бернабеу“, на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал Мадрид“.

Во вечерните часови трансфер до аеродром. Полетување за Тирана во 20.55 и пристигнување во 00:05 часот. Трансфер и пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Попуст за уплати до 22.12: 539 € / 33.420 мкд
Цена на аранжманот 599 евра ( 37.140 денари)

Цената вклучува:
Ø Авионски превоз на релацијата Тирана – Мадрид - Тирана
Ø Трансфер Скопје – Тирана – Скопје
Ø Рачен багаж - 1 торба со димензии 40х30х20см со максимална тежина до 10кг
Ø Организиран трансфер Ародром – Хотел - Аеродром
Ø Сместување во Хотел Hotel Exe Plaza 4* на база 3 ноќевања со појадок
Ø Разглед на Мадрид со локален водич
Ø Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:
ü Доплата за чекиран багаж – една инфо за цена 5 дена пред патување.
ü Факултативна целодневна посета на Толедо со вклучен автобуски превоз, локален водич и влезници св.Томас 90 евра
ü Факултативна посета на Фламенко
ü Влезници во локалитетити:
Кралската Палата
музеј Прадо
музеј Реина Софиа
Карти за локален превоз (метро)
ü Патничко-здравствено осигурување
ü Туристичка такса 1120 ден
ü Доплата за еднокреветна соба 9.300 денари

Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување

Прочитано 558 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top