04.03 – 15.03.2025 | 9 ноќи – 11 дена
Групно патување | Лет од Скопје
Добредојдовте во Куба, земјата на музиката, сонцето, на боите, насмевките... Магичен остров со фасцинантна архитектура која го враќа духот на колонијалното време, каде се чини дека времето застанало, земјата на револуцијата! Куба е нешто што треба самите да го доживеете, да го вкусите, помирисате, допрете.... Патувањето ве води од прекрасните плажи со бел песок и тиркизното море во Варадеро, па се до раздвижената и историска Хавана, каде ќе ја запознаете нивната автентична и богата култура, ќе ги вкусите нивните традиционални јадења, ќе ги испиете најдобрите Cuba libre и Mojito коктели на светот, ќе имате можност да ги помирисате рачно валаните кубански пури и да танцувате во веселиот ритам на салсата на врвните музичари. Куба е дестинација која не наликува на ниедна друга, возбудлива, контрадикторна, земја со богато минато од шпанските конквистадори, карипските пирати, црните робови, до американските магнати и мафијаши, и револуционерите, со чудесните градови со неверојатно убава колонијална архитектура. Од овој момент заборавете на сето она што сте го прочитале за Куба, отворете ги сите сетила и препуштете му се на уживањето на една уникатна егзотична авантура, запознајте го најубавиот карипски остров од кој ќе се вратете маѓепсани и полни со неверојатни впечатоци.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1 ДЕН (04.03.2025 – вторник) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ХАВАНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување од Скопје за Истанбул во 20:35 часот, лет број TK 1006 со лет на авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување во Истанбул во 00:15 часот, локално време. Полетување од Истанбул за Хавана во 01:55 часот.
2 ДЕН (05.03.2025 – среда) ХАВАНА – ВАРАДЕРО
Пристигнување на меѓународниот аеродром во Хавана во 07:15 часот по локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, пречек од страна на претставник на локалниот партнер, по што следи организиран трансфер од аеродромот во Хавана до хотелот во Варадеро. Коктел за добредојде и сместување. Слободен ден за одмор, сончање, капење и коктели на една од најубавите плажи на Карибите. Ноќевање.
***Забелешка: Пријавувањето во хотелот е најчесто до 16 часот, но патниците во меѓувреме можат да уживаат во хотелските капацитети и да ручаат во хотелот.
3 до 8 ДЕН (06.03. – 11.032025) ВАРАДЕРО
Престој во хотел на база „All Inclusive“. Слободни денови за капење, сончање и одмор. За време на вашиот престој во Варадеро ќе се организираат разни факултативни екскурзии, како: Трите града со вклучен ручек (Cienfuegos, Santa Clara, Trinidad); екскурзија со катамаран со вклучен ручек (Seafari Catamaran Cayo Blanco); Екскурзија Џип Сафари со вклучен ручек (Jeep Safari); екскурзија долината Вињалес со вклучен ручек (Vinales). Ноќевање.
9 ДЕН (12.03.2025 – среда) ВАРАДЕРО – ХАВАНА – Екскурзија “Хемингвеј тура” (Hemingway Tour)
Појадок во хотел. По појадокот одјавување од собите и организиран трансфер од Варадеро до хотелот во Хавана. Пристигување во хотелот во Хавана (пријавувањето е во 16:00 часот). Слободен ден за индивидуални активности или можност за полудневна факултативна екскурзија по стапките на Хемингвеј (Finca Vigia, Floridita и ручек во Cojimar). Слободна вечер или можност за вечера со оранизиран трансфер во ресторанот Restaurant ChaChaCha (со доплата). Ноќевање.
10 ДЕН (13.03.2025 – четврток) ХАВАНА – Екскурзија Хавана со кабриолети / Cabaret Tropicana Show
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или предлагаме целодневна факултативна екскурзија на Хавана со уникатна цена, обиколка на Хавана со олдтајмери, посета на музејот на рум, со вклучен ручек. Слободно попладне. Навечер можност за вечера со организиран трансфер во ресторанот El Cocinero Restaurant (со доплата). По вечерата има можност за уникатна факултативна екскурзија – посета на светско познатото Кабаре Тропикана шоу (Cabaret Tropicana Show) со вклучен трансфер. Ноќевање.
11 ДЕН (14.03.2025 – петок) ХАВАНА – ИСТАНБУЛ
Ран појадок во хотелот. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Хавана. Со завршувањето на пасошките контроли започнува враќањето во реалноста, носејќи ги со себе најубавите спомени од една од најуникатната држава на светот, со надеж дека повторно ќе се вратиме. Полетување од Хавана за Истанбул во 09:40 часот лет број TK 195.
12 ДЕН (15.03.2025 – сабота) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Слетување во Истанбул во 09:30 часот, локално време. Полетување за Скопје во 20:15 часот. Слетување во Скопје во 19.45 часот по локално време.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Повратни авионски билети на релација Скопје - Хавана - Скопје со авиокомпанија Turkish Airlines, со аеродромски такси.
Вклучен багаж: 1 парче рачен багаж до макс. 8 кг и 1 парче чекиран багаж до макс. 23 кг.
Пречек и асистенција на аеродромот во Хавана од страна на локалниот партнер.
Oрганизиран трансфер од аеродром во Хавана до хотел во Варадеро.
7 ноќевања на база Се вклучено (All Inclusive) во хотел Playa Vista Azul 5* или сличен во Варадеро.
Oрганизиран трансфер од хотелот во Варадеро до хотел во Хавана.
2 ноќевања на база ноќевање со појадок (Bed & Breakfast) во хотел Grand Aston Habana 5* или сличен во Хавана.
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Задолжително меѓународно патничко здравствено осигурување.
Бакшиши за локалните водичи и возачи кои се задолжителни во овој дел од светот.
Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
Индивидуални трошоци, оброци, пијалоци и услуги надвор од понудата.
Факултативни екскурзии и влезници за културно-историски споменици.
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕТО:
За македонските државјани НЕ Е ПОТРЕБНА виза за влез во Куба, за престој помалку од 90 дена.
Патниците кој патуваат со друг пасош да проверат во својата амбасада дали им е потребна виза за влез во Куба.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува.
Задолжително е патниците да го проверат времетраењето и точноста на патната исправа, како и бројот на празни страници во пасошот потребни за патувањето.
Пасошот треба да биде со важност од минимум 180 дена (6 месеци) од денот на враќањето во државата.
Локалното време е минус 6 часа во однос на времето во Македонија.
Куба е земја каде што е вообичаено и задолжително да се дава бакшиш за услуги во хотели, ресторани, автобуси...
За влез во Куба задолжително е да имате меѓународно здравствено осигурување.
Важно: На барање на кубанската влада, сите патници кои патуваат за Куба се обврзани да пополнат онлајн формуларот пред пристигнувањето, познат како D'VIAJEROS. Задолжително е секој патник да го пополни формуларот пред патувањето и добиениот QR код да си го испрати на својот e-mail, да го зачува и/или испечати, за да може да го презентира на шалтерот при пријавувањето на аеродромот во Скопје, како и на имиграционите служби на аеродромот на пристигнување во Куба (Хавана). Формуларот ќе го најдете на линкот: https://dviajeros.mitrans.gob.cu/inicio
ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ:
Организатор на ова патување е партнер агенција;
Минимален број на патници за реализирање на програмата е 15 лица;
За резервации потребен е аванс од 40% од вкупнот износ на аранжманот;
Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот;
Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини;
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми / корегира цената на аранжманот, како и цените на факултативните екскурзии;
Во случај на недоволен број пријавени патници организаторот може да им понуди на патниците можност да се организира индивидуално патување за наведената дестинација, со промена на цената на патувањето.
За реализација на факултативните екскурзии со поаѓање од Варадеро и од Хавана потребен е минимум од 15 лица. За истите потребно е да се изјасните во агенцијата пред реализација на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот доколку дојде до промена во цените на авионските билети, хотелските услуги, или доколку настане поголема промена во девизниот курс.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ:
За време на престојот може да се организираат бројни интересни факултативни екскурзии (со доплата). Минимумот за реализација на екскурзиите е 15 лица. Во случај на помал број пријавени патници, екскурзиите може да се откажат или да се реализираат по корегирана цена. Пожелно е пријавувањето да се врши во агенција, а плаќањето е на лице место.
Факултативни екскурзии од Варадеро:
Екскурзија трите града со вклучен ручек (Cienfuegos, Santa Clara, Trinidad): 120 еур по лице
Екскурзија со катамаран со вклучен ручек (Seafari Catamaran Cayo Blannco): 120 еур по лице
Екскурзија Џип Сафари со вклучен ручек (Jeep Safari) : 110 еур по лице
Факултативни екскурзии од Хавана:
Екскурзија “По стапките на Хемингвеј” (Hemingway Tour): 60 еур по лице
Екскурзија Хавана со кабриолети со вклучен ручек: 50 еур по лице
Екскурзија Cabaret Tropicana Show со вклучен трансфер: 120 еур по лице
Вечера во ресторанот El Cocinero илио ChaChaCha со трансфер: 80 еур по лице
Целодневна Екскурзија од ВАРАДЕРО
Трите града со вклучен ручек (Cienfuegos, Santa Clara, Trinidad) 120 еур по лице
Целодневна факултативна екскурзија кој нуди единствена можност да се посетат три исклучително важни градови: Сиенфуегос, Санта Клара и Тринидад. Поаѓање од хотелот и органзиран трансфер до градот Сиенфуегос, на панорамски разглед. Сиенфуегос (Cienfuegos), прекрасен приморски град, еден од бисерите на кубанската архитектура, во кој особено се издвојува Палатата Palacio de Valle, успешна комбинација на византиско-венецијанско-мавританската архитектура. На главниот плоштад се наоѓа и втората триумфална порта на Куба, познатиот театар Teatro Tomas Terry каде настапувале Енрико Карузо и Сара Бернар. Продолжуваме со посетата на градот Тринидад и пешачки разглед на историскиот центар, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО. Тринидад е еден од најдобро зачуваните карипски градови од времетокога трговијата со шеќер била главна индустрија во овој регион, со прекрасен колонијален стил и прекрасни цркви. Посета на барот La Canchanchara за да уживате во истоимениот локален коктел. Ручек во локален ресторан (вклучено во цената). Продолжуваме до градот Санта Клара (Santa Clara), градот херој во кој се водеа последните битки од кубанската револуција и последното почивалиште на Ернесто Че Гевара и посета на Мавзолејот. Враќање назад во хотелот во Варадер.
Целодневна Екскурзија од ВАРАДЕРО
Крстарење со катамаран до Кајо Бланко (Seafari Catamaran & Cayo Blanco) 120 еур по лице
Целодневна факултативна екскурзија Seafari Catamaran Cayo Blanco – пловење со катамаран по Карипското Море. Поаѓање наутро од хотелотво Варадеро со групен трансфер до блиското пристаниште La Marina. Качување во катамаранот и уживање во магијата на Карипското Море. Отворен бар на бродот со локални пијалоци: безалкохолни пијалоци, вода, пива, кубански коктели и рум. Уживање и забава на брод со музика, анимација и интеракција со екипажот на катамаранот. Можност за нуркање покрај коралниот гребен и истражување на богатиот подводен свет. Пристигнување во делфинариумот. Интеракција со делфините и уживање во шоуто со делфини. Продолжување со пловење до островот Кајо Бланко (Cayo Blanco) и слободно време за уживање. Ручек во ресторан на Кајо Бланко (вкусен ручек со разновидно мени и all-inclusive бар со локални пијалоци). Слободно време за капење на плажа. Испловување назад кон пристаништето и трансфер до хотелот во Варадеро.
Целодневна Екскурзија од ВАРАДЕРО
Екскурзија Џип Сафари (Jeep Safari) 110 еур по лице
Поаѓање окулу 08:30 часот од хотелот и трансфер до паркингот на џиповите во центарот на градот Варадеро (30 мин). За екскурзијата Jeep Safari, патниците сами ги возат џиповите, па мора да ја понесат својата возачка дозвола. Џиповите имаат механички менувач. Незаборавна авантура со теренско возење џипови низ кубанските села, уживајќи во бујната вегетација и воодушевувачките пејзажи на кубанската савана. Нуркање покрај соседните корални гребени во Playa Coral. Пловење со брод низ водите на реката Канимар, најголемата во провинцијата Матанзас. Уште една можност за авантуристите да ги насладат своите очи со бујното и воодушевувачко зеленило на регионот. Пловење со брод по реката и пристигнување на ранчот за да уживате во вкусен ручек послужен во кубански стил во совршен амбиент (вклучен во цената), со можност за пливање во реката, а со дополнителна доплата има можност за јавање коњи (секое јавање трае околу 5 минути), или едноставно време за релаксација уживајќи во флората и фауната. Посета и пливање во слатките води во една од најпознатите кубански пештери „Пештерата Сатурно“ (Saturno Cave), која многумина ја сметаат за едно од уникатните и невидени природни чуда на островот. Враќање назад во Варадеро околу 16.00 часот и трансфер до хотелот
Полудневна Екскурзија од ХАВАНА
“По стапките на Хемингвеј” (Hemingway Tour) 60 еур по лице
Полудневна факултативна екскурзија по стапките на Хемингвеј (Finca Vigia, Floridita и ручек во Cojimar). Посета на Финка Вихија (Finca Vigia), поранешната резиденција на американскиот писател Ернест Хемингвеј во Хавана, претворен во музеј. Потоа следи панорамски разглед на рибарското село Кохимар (Cojimar), градот што го инспирирал Хемингвеј да го напише неговиот најпознат роман „Старецот и морето“ и посета на статуата на Хемингвеј. По кратката пауза ручек во локален ресторан „Las Terrazas de Cojimar“ (вклучен во цената). По ручекот, ќе имате можност да уживате во омилениот пијалак на Хемингвеј - даикири (daiquiri) во познатиот бар Ел Флоридита (El Floridita Bar). Враќање во хотелот.
Целодневна Екскурзија од ХАВАНА
Разглед на Хавана со кабриолети, посета на музејот на рум, со ручек 50 еур по лице
Поаѓање од хотелот во 09:00 часот. Уникатно искуство, возење стари американски автомобили - кабриолети од 1950-тите, кои го носат духот на минатото и ви овозможуваат да уживате во панорамата на главниот град на Куба, едночасовен панорамски разглед низ градските и модерните области на градот, вклучувајќи ги Универзитетот во Хавана, легендарниот хотел Национал (Nacional De Cuba), Плоштадот на револуцијата (Plaza de la Revolución Square), познатата авенија Малекон (Malecón), приморска променада која се протега долж морскиот ѕид на северниот брег на Хавана. Се продолжува до колонијалниот стар дел од градот – Стара Хавана, минувајќи покрај главната национална зграда Ел Капитолио (El Capitolio), поранешното седиште на владата на Куба до крајот на Кубанската Револуција во 1959 година, а сега во неа е сместена Кубанската Академија на Науките, па поминуваме покрај Големиот театар во Хавана (Gran Teatro de La Habana), авенијата „Ел Прадо“ (El Prado), поранешната Претседателска Палата и Централниот парк. Разглед на градот Хавана пеш низ историскиот и колонијалниот дел на Старата Хавана, прогласен од УНЕСКО за светско наследство во 1982 година, каде ќе ги посетиме Плоштадот Плаза де ла Катедрал (Plaza de la Catedral), плоштадот Сан Франциско де Асис (Plaza de San Francisco de Asís), Стариот плоштад Плаза Вијеха (Plaza Vieja), прекрасниот Плоштад на оружјето (Plaza de Armas) и посета на хотелот Ambos Mundos Hotel, баровите Ел Флоридита (El Floridita) и Бодегита дел Медио (La Bodeguita del Medio). Следи ручек во локалнен ресторан Ла Барка (La Barca) (вклучен во цената, со 1 вклучен пијалок). По ручекот, посета на популарниот Музеј на румот (Museo del Ron Havana Club), па продолжуваме со посета на аркетот за ракотворби (Mercado de Artesanía). Време е за шопинг. Враќање во хотел.
Полудневна Екскурзија од ХАВАНА
Екскурзија Cabaret Tropicana Show со трансфер 120 еур по лице
Посета на светско познатото Кабаре Тропикана шоу (Cabaret Tropicana Show) со вклучен трансфер. Кабарето Тропикана е круната на ноќниот живот во Хавана! Уживајте во спектакуларното шоу поблиску до сцената со повластени седишта. Ќе уживате во живата кубанска музика, исполнета со енергија, пеење, танцување и фасинантна кореографија и шарени костими и акробации, Кабарето Тропикана во Хавана е уникатно искуство. Од неговото отворање во 1939 година, ова шоу привлекув посетители од целиот свет. Ќе имате можност да танцувате со танчерите на звуците на автентичната кубанска музика како салса, болеро, мамбо и многу повеќе! Во цената се вклучени повласени седишта, пијалак за добредојде (cava), ¼ шише рум + 1 кубанска кока кола по лице, и повратен трансфер. Враќање во хотелот.