fbpx

Будимпешта - Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи... Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

Термин: 28 Декември

1 ден 28.12.2024СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 12.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 12.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден 29.12.2024 БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел... Ноќевање.

3 ден 30.12.2024 БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Ноќевање

4 ден 31.12.2024 БУДИМПЕШТА - ЕСТЕРГОМ - ВИШЕГРАД - СЕНТ АНДРЕА
По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград - некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом - град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја - каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта . Враќање во хотел. ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ПЛОШТАД. Ноќевањe.

5 ден 01.01.2025 БУДИМПЕШТА
Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден 02.01.2025 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15ти Ноември: 199 €/ 12.340 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229 €/ 14.200 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Превоз со високотуристички автобус
3 ноќевања со појадок во хотел Hotel Zuglo 3* во Будимпешта
Организација на аранжманот
Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжително патничко осигурување 300денари
Крстарење по Дунав 20€
Посета на Естергом, Вишеград и Сент Андреа 50€
Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 50€
Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 20€
***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Будимпешта – Крстарење – Виена – Сент Андреа-Вишеград-Естергом - 130€

Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
Туристичка такса 185 ден по лице
Доплата за еднокреветна соба 3.600 денари
Доплата за седиште по избор 10€

НАПОМЕНИ:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Прочитано 863 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top