fbpx

1 ДЕН
10.01.2025 - Состанок на групата пред хотел Вип во 04:00 часот, трансфер до аеродромот во од Тирана. Директен лет Тирана - Абу Даби . Полетуваме од Тирана во 12:55 часот, пристигување во Абу Даби во 20:50 часот по локално време.Трансфер до хотелот во Дубаи. Ноќевање, или слободно време за посетa на некои од нашите омилени руфтоп барови и ноќни клубови во Дубаи!! . Индивидуално враќање во хотелот. Ноќевање.
2. ДЕН
11.01.2025 Појадок.Слободно време за плажа - ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – Во попладневните часови трансфер од Дубаи со jeep 4x4, се упатуваме кон Hatta и Oman, напуштање на границите на урбаното во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат (off-road) и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини кон планината Hajar. По краток одмор, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини. На крај пристигнуваме на фарма за камили и правиме краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, застануваме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), можност за цртеж од к'на со традицонални арапски мотиви. Можност и за јавање на камили.Враќање кон хотелот. Ноќевање

ЦЕЛОДНЕВЕН РАЗГЛЕД НА ДУБАИ!
17 ЕКСКУРЗИИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА!
3. ДЕН
12.01.2024 Појадок. Целодневен разглед на Дубаи.
1.Dubai Mall - најголемиот шопинг центар во светот. Шопинг центар кој изобилува со активности за забава и одмор. Има повеќе од 1.200 продавници и огромен избор на храна и пијалоци. Имаме слободно време за шопинг и истражување на овој центар.
2.Souk Al Bahar - е модерен осврт на традиционален арапски пазар. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на танцувачката фонтаната во Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот.
3. Palace Downtown - Eден од најубавите хотели во Дубаи кои ни нуди неверојатен поглед кон Burj Khalifa. Изграден во традиционален арапски стил, претставува уникатен спој на минатото и сегашноста на Дубаи.
4.Wings of Mexico - скулптура дизајнирана од мексиканскиот уметник Хорхе Марин и е стратешки лоцирана пред Burj Khalifa, давајќи спектакуларна позадина за фотографии и спомени од Дубаи. Оваа скулптура го претставува сонот на луѓето да летаат слободно, потпирајќи се на нивните желби, верувања и страсти!
5.Burj Park - е совршено место за одмор во центарот на Дубаи, парк сместен на мало островче покрај езерото Burj. Паркот нуди неспоредлив поглед на Burj Khalifa и волшебната танцувачка фонтана во Дубаи.
6.Dandelion light sculpture - Оваа спектакуларна инсталација е најголема од ваков вид во светот. Се восхитуваме на суптилната убавина на 14 глуварчиња идеално поставени покрај патот до операта во Дубаи.
7.Dubai Opera - Иконската архитектура на операта во Дубаи е во облик на Dhow (традиционален чамец). Ремек-дело на современиот дизајн и стилска почит на наследството на Дубаи -- како што овие традиционални чамци придонеле кон напредокот на овој динамичен град, така и операта во Дубаи го остава својот белег на растот, гордоста и квалитетот на животот во Дубаи.
8.Dubai Fountain - Се восхитуваме на најголемата фонтана на светот која не маѓепсува со нејзиниот перформанс со вода, музика и светлина.
9.Dubai Frame – Посета на Dubai Frame, една од најпознатите атракции во градот! Правиме фотографии за паметење :) !
10.Museum of Future – Photostop пред Museum of Future! Дизајниран како асиметричен торус обложен со челик и стакло, Музејот на иднината е признат од National Geographic како еден од 14-те најубави музеи во светот. Фасцинатна футуристичка глетка! Добредојдовте во иднината!
11.Dubai Marina: Ова е луксузен дел на Дубаи, познат по своите високи згради и модерни небодери. Има живописен марина, шеталишта, ресторани и кафеа, а е популарно место за шопинг и забава.
12.Palm Island: Вештачкиот остров во облик на палма е икона на Дубаи. Содржи луксузни хотели, вили и плажи. На врвот на палмата се наоѓа Атлантис, хотел со аквариум и воден парк.
13.Old Souk: Овој традиционален базар нуди автентична атмосфера на Дубаи. Тука можете да најдете рачно изработени производи, текстил, парфеми и други локални производи, што создава уникатно искуство за посетителите.
14.Gold Bazaar: Смештен во срцето на Дубаи, овој базар е познат по огромната понуда на злато и накит. Со илјадници продавници, тука можете да најдете сè од класични до модерни дизајни.
15.Spice Bazaar: Познат и како "Сук ал Спајс", овој базар е полн со боја, мириси и вкусови. Тука можете да купите разни зачини, билки, суво овошје и традиционални арапски производи.
16.JBR (Jumeirah Beach Residence): Оваа област е позната по своите плажи, ресторани и трговски центри. Тоа е одлично место за шетање и опуштање, со прекрасен поглед на морето и модерна архитектура.
17.BlueWater Island: Овде се наоѓа познатиот трговски центар и атракцијата "Ain Dubai", најголемата окуларна кула во светот. Островот нуди одлични можности за шопинг, јадење и забава, со прекрасен поглед на градот.

4. ДЕН.
13.01.2024 Појадок. ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ (7 часа) - 8-12 Pax – Вклучена во цената. Излетот Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија. Може да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници. Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Се враќаме во хотел. Словбодно време. Појадок. Одјава од хотелот. Слободно време.Трансфер до хотел
5.ДЕН.
14.01.2024 Појадок. ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА ПОСЕТА НА ПОСЕТА НА MIRАCLE GARDENS, BURJ KHALIFA + GLOBAL VILLAGE По појадокот одиме да ги видиме градините со милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува во Dubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни експонати. Во Дубаи сѐ е возможно, дури и цвеќиња растат во пус-тина. Потоа нашата екскурзија ја продолжуваме во Burj Khalifa - највисоката зграда на светот. За нејзината изградба биле потребни 5 години, има 163 ката и има срушено 6 светски рекорди. Изградена е во облик на хименокалис крин -- цвеќе кое расте во пустините на Дубаи. Можност да се искачите на 124 и 125-тиот кат на Burj Khalifa каде што има панорамски поглед 360° на целиот Дубаи – се качуваме на "врвот на светот... Вечерта продолжуваме во Global Village -- "мини град" во кој се претставени повеќе од 90 држави! Шетаме по различните "села", ја пробуваме нивната традиционална храна и купуваме традиционална ракотворба. Така имаме шанса метафорично да патуваме и да се запознаеме со нивните култури.
6 ДЕН
15.01.2024
Ран појадок, Трансфер до Дубаи. Полетување од Абу Даби во 09:15 часот. Слетување во Тирана 12:20 часот претпладне. Трансфер до Скопје

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 699 EUR
РЕДОВНА ЦЕНА : 790 EUR
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО :
5 ноќевања си појадок
Трансфер од Скопје до Аеродромот во Тирана
Повратен авио билет со сите такси на релација Тирана- Абу Даби, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm Трансфер од Абу Даби до сместувањето во Дубаи Трансфер од сместувањето во Дубаи до Абу
17 ЕКСКУРЗИИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА СПОРЕД ПРОГРАМАТА
Доплата за еднокреветна соба ( информации во агенција)


ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЕЧНО
– Факултативни екскурзии:
ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА – 90 еур –
MIRАCLE GARDENS, BURJ KHALIFA + GLOBAL VILLAGE 120 еур
ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ 90 еур
ПАКЕТ за уплата на сите факулативни екскурзии 290 еур
Патничко и здравствено осигурување
Туристичка такса за престој (се плаќа директно во хотелот) Доплата за еднокреветна соба ( информации во агенција)
Виза и осигурување за влез во Дубаи 95€

*** МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПНО ПАТУВАЊЕ – 15 ЛИЦА УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00.
Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура – уплата на аконтација 30% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица: • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
• Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
• Сите оброци во хотелите се на база шведска маса
• Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
• Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош на патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)
• За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ Важни напомени: За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош . Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви. Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За оваа програма важат Опшите Услови на патување на СКТМ. Начини на плаќање: 30% при резервација, остатокот 10 дена пред поаѓање Општи напомени за патување: Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Прочитано 704 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top