Вила Посеидон се наоѓа на сама плажа во Калитеа, на 200м од центарот. Паркинг за возила сама вила не нуди, но има на 30м од самата вила веднаш до хотелот Маргарита, и истиот е бесплатен. Вилата располага само со трокреветни и четворокреветни студија.
Трокреветното студио кое се наоѓа на 3 кат, располага со брачен кревет за две лица, (потесен од стандардните лежаи) и едно единечно легло. Студиото е опремено со мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен реновиран тоалет, wi-fi, балкон кој гледа странично кон море и кон градина. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
Четворокреветните студија располагаат со брачен кревет за две лица (потесен од стандардните лежаи) и две единечни стандардни легла. Истите се наоѓаат на приземје - студио број 2 (без оградена тераса), на трет кат - страничен поглед на море со број 24, 26, 23 и 25 исто на 3 кат, едно студио на четврти кат со директен поглед на море бр.31 и едно студио со поглед на градина кое се наоѓа на трет кат број 21. Капацитет на собите е максимум 4 лица. Надвор од овој капацитет може да се смести исклучиво само дете до 3,99год. Од 2024та сите соби се со реновирани тоалети.
Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација
Доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)
Во цената не е вклучен превоз.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
-Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
-Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
-Велес (БП Макоил, Хотел Македонија) - 50еур по лице
-Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице
-Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 45еур по лице
Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –45еур по лице
Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55еур по лице
Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% или промена на цената на горивата.
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
*За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините)
*попустите не се комбинираат,
*Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)