fbpx

Aммос Апартманите се од “B” категорија и се наоѓаат на шеталиштето во строгиот центар на Калитеа. Од вилата до градската плажа има неколку минути пешачење или 200метри удолница. Под самите апартмани се наоѓа бутик и продавница како и канцеларија за прием на гостите и оставање на багаж. Исто така, во вилата има wi-fi. Вилата располага со студија на високо приземје и спрат (трокреветни, четворокреветни и едно 6то креветно студио) опремени со кујна, клима (вклучена во цената) , ТВ, wc и балкон која гледа према шеталиштето или задната страна на вилата.

Попусти за РАНА УПЛАТА:
25% попуст на термините до 05.07.2025. (останатите термини не подлежат на попусти за РАНА УПЛАТА)
*Попустот важи до 01.01.2025

ТЕРМИН ОД: НОЌИ 1/2 Студио 1/3 Студио 1/4
Студио
24.05 7 79 79 139
31.05 7 89 129 149
7.06 7 129 179 189
14.06 7 189 199 319
21.06 7 229 239 339
28.06 7 329 349 409
5.07 7 399 419 469
12.07 7 409 419 499
19.07 7 429 459 529
26.07 7 469 499 579
2.08 7 469 499 579
9.08 7 469 499 579
16.08 7 469 499 579
23.08 7 429 459 529
30.08 7 289 319 369
6.09 7 189 209 349
13.09 7 149 159 209
20.09 7 109 119 179
27.09 7 79 89 129

 

НАПОМЕНИ:
* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;
* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);
* Туристичка такса се плаќа во вилата;
* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;
* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;
* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари
* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)

ПОПУСТИ:
* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот;
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до најблиското место каде што може да застане автобусот;
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:
* 45 € возрасни (повратен билет)
* 35 € возрасни (eден правец)
* 35 € деца од 2 - 12 години
* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

 

  • Локација:
Прочитано 4913 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top