fbpx

На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.

Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море. Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој остров во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите. Најголем дел од брегот во должина од 44km се раскошни плажи.

Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.

Villa Elegant се наоѓа во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Вилата располага со 11 студиа, за 2,3 или 4 лица на приземје прв и втор спрат и еден апартман за 4 лица на втор спрат.

ТЕРМИН РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
22.05.2025-29.05.2025 180e
29.05.2025-05.06.2025 220e
05.06.2025-12.06.2025 270e
12.06.2025-19.06.2025 310e
19.06.2025-26.06.2025 365e
26.06.2025-03.07.2025 425e
03.07.2025-10.07.2025 455e
10.07.2025-17.07.2025 455e
17.07.2025-24.07.2025 455e
24.07.2025-31.07.2025 455e
31.07.2025-07.08.2025 455e
07.08.2025-14.08.2025 455e
14.08.2025-21.08.2025 455e
21.08.2025-28.08.2025 400e
28.08.2025-04.09.2025 400e
04.09.2025-11.09.2025 260e
11.09.2025-18.09.2025 200e
18.09.2025-25.09.2025 190e
25.09.2025-02.10.2025 190e

Студио број 1,2,3 и 4 се наоѓаат на приземје.
Студио број 5,6,7 и 8 се наоѓаат на прв спрат.
Студио број 9,10, 11 и 12 се наоѓаат на трет спрат.

Вилата е оддалечена на 10-15 минути пешачење од градската плажа Megali Ammos.

Сместување
Студио број 1 нуди сместување за 2 лица.
Студио број 2 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со 2 единечни кревети.
Студио број 3 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со 2 единечни кревети. Нема тераса.
Студио број 4 нуди сместување за 3 лица. Студиото располага со еден брачен кревет и еден кревет на извлекување.
Студио број 5 нуди сместување за 4 лица. Студиото располага со брачен кревет и кревет на извлекување. Во ова студио може да се сместат 4 возрасни лица погодно за друштво (или 2 возрасни и 2 деца).
Студио број 6 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Студио број 7 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Студио број 8 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Апартман број 9 нуди сместување за 4 лица. Апартманот располага со брачен кревет и кревет на извлекување. Во овој апартман може да се сместат 4 возрасни лица бидејќи има одвоена спална, и кревет на извлекување во кујна (или 2 возрасни и 2 деца).
Студио број 10 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Студио број 11 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Студио број 12 нуди сместување за 4 лица. Студиото располага со брачен кревет и кревет на извлекување. Во ова студио може да се сместат 4 возрасни лица погодно за друштво (или 2 возрасни и 2 деца).

Цената вклучува:
-7 ноќевања – 8 дена во вила Elegant со вклучен појадок (цени по лице)
-Автобуски превоз на релација Скопје - Волос - Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот

Доплати:
–Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
–Трансфер Битола и Прилеп 10€ по лице во правец
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај сопствениците на вилите.

Важно
Кај аранжамани со рана резервација за споен термин се калкулирaат ПРОМО цените и не следува дополнителен попуст за вториот термин.
За промо цени не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа + 50% од редовната цена.
За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
Поаѓањето е секоја среда. Четврток е прв ден од одмор
Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата ( во канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30%.
Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патникот пред дадениот рок.
Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
Доплата за туристичка такса 14еур од студио или апартман за 7 ноќи ( Се плаќа во вилата кај сопствениците)
Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1еур = 62 мкд
Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на интернетот, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други фактори, Атлантис.мк како агенција нема било каква одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата, а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Програма
План и програма:

Термините за лето 2025 на Скијатос се од четврток до четврток, поаѓање секоја среда навечер.

Првиот термин започнува од 29-ти мај, а последниот термин завршува на 2-ри октомври.

Поаѓањето е секоја среда навечер. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Нашиот туристички придружник се грижи патниците да се сместат на траект кој сообраќа на релација Волос-Скијатос-Волос. Пристигнување на Скијатос во утринските часови.

Сместување после 14:00 часот по локално грчко време.

Поаѓање за Македонија секој четврток.

 

Прочитано 173 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top