Куќа “Kozi” се наоѓа на идеална локација во централниот дел на Неа Флогита, на реновираната пешачка зона за ова лето, прва линија море, на сама плажа. Куќата е реновирана за лето 2025. Располагаме со студија, апартмани и дуплекс апартмани, кои се со страничен или директен фронтален поглед море. Сите соби имаат комплетно опремена реновирана кујна, тоалети со туш, пространи тераси, ТВ и комарници. Користењето на клима уредот и интернет се вклучени во цената.
Апартман 1/4 бр.1 – високо приземје. Располага со комплетно опремена реновирана кујна, тоалет, голема пространа тераса со страничен поглед море, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници. Во спална соба има брачен кревет + еден единечен кревет, во кујна има еден единечен кревет.
Апартман 1/4 бр. 3 – прв кат. Располага со комплетно опремена реновирана кујна, тоалет, голема пространа тераса со страничен поглед море, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници. Во спална соба има брачен кревет и еден единечен кревет, во кујна има еден единечен кревет.
Дуплекс апартман 1/5 бр. 4 – прв кат. Располага со комплетно опремена реновирана кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен фронтален поглед море, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници. Во една спална соба има брачен кревет + еден единечен кревет, во друга соба има два единечни кревети. Од двете спални соби се излегува на заедничка тераса.
Апартман 1/4 бр. 5 – прв кат. Располага со комплетно опремена реновирана кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен фронтален поглед море, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници. Во спална соба има брачен кревет + еден единечен кревет, во кујна има еден единечен кревет.
Дуплекс апартман 1/5 бр. 6 – втор кат. Располага со комплетно опремена реновирана кујна, тоалет, голема пространа тераса со страничен поглед море, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници. Во една спална соба има брачен кревет + еден единечен кревет, во друга соба има два единечни кревети.
Студио 1/3 бр. 7 – втор кат. Располага со комплетно опремена голема реновирана кујна, тоалет, пространа тераса со директен фронтален поглед море, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници. Во студиото има брачен кревет и еден единечен кревет.
Студио 1/3 бр. 8 – втор кат. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, пространа тераса со директен фронтален поглед море, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници. Во студиото има брачен кревет и еден единечен кревет.
Дуплекс апартман 1/4 бр. 01 – сутерен. Располага со комплетно опремена голема реновирана кујна, тоалет, тераса со поглед море и кон пешачката зона, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници. Во една спална соба има два единечени кревети, во друга соба има брачен кревет.
Апартман 1/3 бр. 02 – сутерен. Располага со комплетно опремена реновирана кујна, тоалет, тераса со поглед море и кон пешачката зона, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници. Во спална соба има два единечени кревети, во кујна има еден единечен кревет.
20% попуст за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 15.03.2025 (сабота)
попустот е важечки за резервации заклучно со 03.02.2025 (понеделник)
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
Цените во табелата се однесуваат за наем на студио / апартман / дуплекс апартман за 7 ноќевања без превоз
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
НАПОМЕНИ И УСЛОВИ :
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН/ДУПЛЕКС ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 3.100 мкд. (50евра), еден правец 2.480мкд. (40евра)
За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 170 мкд. (35евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ
За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ
Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат
Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат
Во вонсезонските цени во дуплекс апартман, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
Во студио / апартман / дуплекс дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција)
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд)
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
Организаторот на патувањето го задржува правото по патна ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чистасостојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман/дуплекс
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата
Превоз:
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови
Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување
Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање
Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.