fbpx

 Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа“Zeyia”се наоѓа на одлична локација на само 30-40 метри од прекрасната песочна плажа, на мирна локација и е една од најквалитетните куќи во местото, идеална за патници кои сакаат вистинско уживање. Куќата располага со високо квалитетни апартмани и дуплекс апартмани со сопствени тераси, комарници, комплетно опремени кујни, одличен мебел и пространи реновирани тоалети. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има прекрасно уреден двор и паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа во агенција и изнесува 1,50 евра на ден по апартман.

Дуплекс апартман број 1 (1/4) – прв кат, простран дуплекс апартман од 41м². Има поглед на градина од една тераса (од спална) и директен поглед море од друга тераса (од дневна).Дуплекс апартманот има три простории: дневна соба во која има софа на пуштање, маса со столови, ТВ и клима, целосно посебно одвоена опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран тоалет со туш кабина, а во третата просторија е спална соба со брачен кревет со стандардни димензии. Опремен е со квалитетен мебел.

Апартман број 2 (1/2+2) – приземје, простран апартман од 40м². Има одвоена спална со брачен кревет и во дневната соба софа на пуштање (наменета за две деца до 12 год или еден возрасен) со одлична кујна со шанк и сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), маса со столови, ТВ и клима. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет со када, и сопствена тераса со маса и столови која има поглед кон прекрасната градина.

Дуплекс апартман број 3 (1/4) – приземје, простран високо квалитетен дуплекс апартман од 43м². Има две спални соби со брачен кревет, од кои едната е физички одвоена со врата а другата спална е преградена, а споена со одлична кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба, веднаш на влезот во апартманот. Опремен е со многу квалитетен мебел. Има огромна тераса со маси и столови со поглед кон прекрасната градина.

40.40005, 23.88018

15 % попуст за 30 % уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 03.02.2025 (понеделник)
Попустот е важечки за резервации заклучно со 04.01.2025 (сабота)

Термин Ноќевања 1/4 апартман бр. 2 1/4 дуплекс апартман бр. 1 1/4 апартман бр. 3
25/05-01/06 7 79 89 99
01/06-08/06 7 99 109 119
08/06-15/06 7 119 129 139
15/06-22/06 7 139 149 159
22/06-29/06 7 159 169 179

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)

Термин Ноќевања 1/4 апартман бр. 2 1/4 дуплекс апартман бр. 1 1/4 апартман бр. 3
29/06-06/07 7 679 719 739
06/07-13/07 7 729 779 799
13/07-20/07 7 769 829 849
20/07-27/07 7 769 829 849
27/07-03/08 7 799 869 879
03/08–10/08 7 799 869 879
10/08–17/08 7 769 829 849
17/08–24/08 7 769 829 849
24/08-31/08 7 749 799 809

* цена за наем на апартман

Термин Ноќевања 1/4 апартман бр. 2 1/4 дуплекс апартман бр. 1 1/4 апартман бр. 3
31/08-07/09 7 149 159 169
07/09–14/09 7 129 139 149
14/09–21/09 7 99 109 119
21/09–21/09 7 79 89 99

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)

Напомени и услови:

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ .
Во вонсезонските цени во студио/апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170мкд. (35евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 1,50 евра на ден по апартман.
Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири (со депозит) по смена се вклучени во цената.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 14 дена пред терминот на поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во било кој објект.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 

Прочитано 1584 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top