fbpx

ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови, игралишта, забавни паркови, таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос. Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл, парфимерии и автентични грчки музеи.

Вила ЈОТИС е убава, стандардно опремена вила и се наоѓа на 20 метри од плажа. Секој апартман има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар,респиратор,голем фрижидер,ел.шпорет со рерна, купатило и вц, спална соба, тераса, тв, клима уред и ви-фи конекција.

KОРИСТЕЊЕТО НА ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО

GPS координати:
40.40081041872606, 23.878994660376392

Термин 16.05* 23.05* 30.05* 06.06* 13.06 20.06 27.06 4.07 11.07 18.07 25.07 1.08 8.08 15.08 22.08 29.08 05.09* 12.09* 19.09*
Апартман 1/2 +1/2
Бр.соба 1
Макс.4 лица
99 109 139 169 399 429 479 499 559 559 579 579 579 559 539 489 179 169 119
Апартман 1/2 +1/2
Бр.соба 2
Макс.4 лица
стр.поглед море
99 119 149 179 429 459 499 519 579 579 599 599 599 579 559 499 189 179 119
Дуплекс-Мезонета 1/2+1/3 Бр.соба 4
Макс.5 лица
99 129 159 189 469 499 559 599 639 639 659 659 639 639 599 519 199 189 129

Цените за термините (16.05; 23.05; 30.05; 06.06; 07.09; 05.09, 12.09 и 19.09.2025) означени со ѕвездичка* се пакет аранжмани и се однесуваат по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз

ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ
-За пакет аранжманот во АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто или петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 - 12 години;
- дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
- за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

НАПОМЕНИ:
- Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
- За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
- Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Во случај на направена поголема штета во апартманите, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
- Апартманите имаат крпи, тоалетна хартија и сапун

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

  • 50 € за возрасни – повратна карта;
  • 35 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
  • 10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште );
    * Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *
Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз.Мак.Оил 04:30 часот наутро
Кочани Основен Суд 03:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
     

I кат

АПАРТМАН БР.1 (1/2+1/2) - 4 лица
Апартманот располага со кујна, една спална, купатило со WC и тераса со маса и столици. Во кујната има два поединечни кревети, тв,клима уред и кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, аспиратор, голем фрижидер, ел.шпорет со рерна. Во спалната соба има еден дупол кревет со натказни. Од спалната и од кујната се излегува на тераса со маса и столици. Во ходникот има плакар за алишта. Апартманот е опремен на сите прозори со комарници.

АПАРТМАН БР.2 (1/2+1/2) - 4 лица
Апартманот располага со кујна, една спална, купатило со WC и тераса со маса и столици со страничен поглед на море. Во кујната има два поединечни кревети, тв, клима уред и кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, аспиратор, голем фрижидер, ел.шпорет со рерна. Во спалната соба има еден дупол кревет со натказни. Од кујната се излегува на тераса со маса и столици со страничен поглед на море. Во ходникот има плакар за алишта. Апартманот е опремен на сите прозори со комарници

II кат
ДУПЛЕКС –МЕЗОНЕТА БР.4 (1/2+1/3) - 5 лица
Дуплексот се наоѓа на втори кат и е составен од две спални соби + кујна + купатило со вц + тераса. Во првата спална соба има еден дупол кревет, плакар за алишта и излегува на тераса. Втората спална соба е со внатрешни скали и има еден дупол кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта, тв, клима. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, ел.шпорет со рерна, аспиратор. Во кујната има ТВ, клима уред и голема маса. Има стандардно купатило со WC. Дуплекс Мезонета е опремен на сите прозори со комарници.

 

Прочитано 2880 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top