fbpx

Лептокарија – мало медитеранско гратче во подножјето на Олимп, морето е кристално, а грчкото кафе има посебен вкус. Место каде што секој залез на сонце е приказна сам за себе.

Вила Амели се наоѓа во централниот дел на Лептокарија на оддалеченост 180 метри од плажа.
Вилата во својата понуда нуди трикреветни студија.
Сите студија се опремени со основно опремена кујна, тоалет, тераса, телевизор, клима уред ( со доплата ).


15% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 10.12.2024 до 18.01.2025
(минимум уплата од 50% и доплата до 28.02.2025)

Термин Ноќевања 1/3 СТД
25.05 7 ноќи *109 €
1.06 7 ноќи *179 €
8.06 7 ноќи *199 €
15.06 7 ноќи 370€
22.06 7 ноќи 390€
29.06 7 ноќи 420€
6.07 7 ноќи 460€
13.07 7 ноќи 490€
20.07 7 ноќи 490€
27.07 7 ноќи 490€
3.08 7 ноќи 490€
10.08 7 ноќи 490€
17.08 7 ноќи 460€
24.08 7 ноќи 420€
31.08 7 ноќи 370€
7.09 7 ноќи *199 €
14.09 7 ноќи *179 €
21.09 7 ноќи *109 €

BLACK FRIDAY ЦЕНИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО * СЕ ПАКЕТ ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ, ПОПУСТИТЕ СЕ ПРЕСМЕТАНИ

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/3 СТУДИО, ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот.

 

 

Прочитано 1517 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top