fbpx

Локација и краток опис: хотел Ангелос 2* е лоциран во живописното Ормос Панагиас на вториот крак на Халкдики, Ситонија. Хотелскиот комплекс е лоциран прва линија од море, располага со убаво уреден заграден двор, бар, ресторан таверна и убаво уредени, светли соби. Гостите имаат на располагање помал приватен паркинг за ограничен број на возила со доплата од 5€, во близина има и јавен бесплатен паркинг. Локацијата на хотелот е една од најатрактивните на вториот крак Ситонија и од таа причина овој хотел е погоден избор за сите кои сакаат да ги истражуваат најпопуларните плажи во овој дел на Халкдики.

Хотелски Содржини: Рецепција, Бар - гостите можат да уживаат во различни алкохолни и безалкохолни пијалоци, лесен ручек, клуб сендвичи, тост.... Таверна Барбуни која е во склоп со хотелот, опција за вечера 15 евра доплата од ден Сет Мени.

Блиски содржини: на 100м од хотелот има неколку помали продавници и неколку таверни кои служат традиционална морска храна, поголеми туристички содржини има во блиското Никити кое е на 7км оддалеченост.

Сместување/соби: хотелот располага со вкупно 40 соби лоцирани во два блока. Собите се распоредени на приземје, прв или втор кат. Сите соби се опремени со соодветен мебел, тераса, тоалет со туш, клима, Wi-Fi пристап, ТВ, мини фрижидер, бокал за вода и комарници. Фен за коса и бебешко креветче се на барање на рецепцијата на хотелот без доплата. Промена на пешкири и постелнина на секои 3 дена, чистење на собите секојдневно.

Во првиот блок на првиот спрат се лоцирани 3 четворокреветни соби, 2 двокревени со страничен поглед на море, 1 двокреветна соба со поглед кон море и 4 двокреветни соби со ограничен поглед кон море.

Во вториот блок на приземје се лоцирани 5 трокревени соби со поглед кон дворот и 5 двокреветни соби со поглед кон море. На првиот кат во вториот блок се наоѓа 1 двокретна соба со поглед кон море, 7 двокреветни соби без поглед кон море и 2 трокреветни соби со поглед кон дворот. На вториот спрат од овој блок лоцирани се 4 дворкреветни соби со поглед кон море, 4 двокреветни соби без поглед на море, 1 трокреветна соба со страничен поглед на море и 1 двокреветна соба без поглед на море.

Опременост на соби: двокреветните соби се со големина од 18m2, а трокеветните и четворокреветните со квадратура од 24m2.
Двокреветните соби без поглед на моред имаат 1 брачен кревет или 2 единечни кревети, додека двокреветните соби со поглед кон море се со брачен кревет. Трокреветните соби со поглед кон дворот имаат 1 брачен кревет и 1 единечен кревет или 3 единечни кревети, додека трокреветните соби со страничен поглед на море имаат 1 брачен кревет и 1 единечен кревет или софа за 1 лице. Четворокреветните соби располагаат со 1 брачен кревет и софа за 2 лица.

Линк http://angelos-chalkidiki.hotelschalkidiki.com/en/

Плажи:

- Ормос Панагиас плажа на 20м
- Трани Амудиа плажа 450м
- Латура плажа 650м
- Лагониси 1,2км
- Талго плажа 1,8км

Услуга: ноќевање со појадок или појадок и вечера со доплата од 15 евра по лице од ден во Таверна Барбуни сет мени,

Локација/ Кординати: 40.2335959,23.7317784

Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
Цените се дадени по СОБА

ПОПУСТИ И АКЦИИ
BLACK FRIDAY
30% за резервации со комплетни уплати до 29.11.2024
20% за резервации со комплетни уплати до 31.12.2024
10% за резервации со комплетни уплати до 15.03.2025

323 ANGELINA CENOVNIK

Услуга: ноќевање со појадок или појадок и вечера со доплата од 15 евра по лице од ден во Таверна Барбуни сет мени,

Услови и доплати:
Дете до 16 години БЕСПЛАТНО
3то возрасно лице 50%

Цената вклучува:
Сместување во избраниот тип на соба и термин
Исхрана на база 7 ноќевања со појадок

Цената не вклучува:
Автобуски превоз 45€ - 2.790ден за возрасен, 35€ - 2.170ден за дете 2 – 12год
Туристичка такса 1,5€ од соба од ноќ доплата на лице место на рецепција

НАПОМЕНИ:
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
* Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој
* Типот на соба се одредува при резeрвација
* Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
* Секоја промена на веќе потврдена резервација, се наплатува како дополнителен манипулативен трошок од 10 €
* Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет.
– Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитети да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

 

 

  • Локација:
Прочитано 1374 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top