fbpx

Кипар

Кипар е островска држава во Средоземното море, четврто по големина. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.

Климата на Кипар е средоземноморска. Кипар е најтоплиот остров на Медитеранот, со околу 340 сончеви денови во годината. На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C. Во зимата, температурата се движи од 10 и 20°C.

Со своите спектакуларни пејзажи и завидна клима, Кипар нуди магична мешавина на романтика и опуштање во предивното опкружување. Сончани плажи, космополитски градови и луксузни хотели, планини со борови шуми и живописните села се карактеристики на овој остров. Поради атрактивната положба, помеѓу Европа, Азија и Африка, една е од најпопуларните туристички дестинации на Средоземното море. Сите што го посетиле го опишуваат како магична земја на пријатни домаќини, која има што да понуди. Од скриените ували, песочните плажи, луксузните хотели, секој дел на морскиот брег е единствен на свој начин.

Лимасол е втор по големина град на Кипар и најголемо туристичко место на островот. Благодарејќи на пријатната клима, гостопримството и развијената туристичка инфраструктура се здобил со назив „Кипарска ривијера„. Изобилува со луксузните хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови и дискотеки, како и продавници. По должината на старото пристаниште се протега шеталиштето. Идеална е појдовна точка за обиколка на островот.

Пафос е модерен туристички центар со преубави плажи, волшебен поглед на залив, како и многубројни историски локалитети и средновековна тврдина. Сместен е на западниот дел на островот и составен од два дела, стариот и новиот дел на градот. Според легендата, божицата на убавината и љубовта, Афродита изронила од морската пена во близина на Пафос, па секој што ќе се искапи во овие води ќе доживее промена, жените ќе се подмладат и разубават, а мажите ќе станат силни и храбри. Пристаништето изградено од Александар Велики, кралската гробница, тврдината, етнографскиот музеј, многубројните цркви и манастири чинат широк спектар на понуди за обиколка, а во склоп на содржините на ова туристичко место се и многубројните ресторани, барови и кафетерии, како и широк спектар на сместувачките објекти. Пафос се препорачува на оние кои сакаат одмор исполнет со содржини. Брегот е воглавно карпест, но има и преубави песочни плажи. Најубава песочна плажа е Coral Bai, која ја обожуваат сурферите, Lara, каде можете да сретнете и морските зелени желки и која е прогласена за национален парк, Geroskipou, опремена со сите содржини. Секако посетете го и аквапаркот Афродита, на 35000 км² и акваријумот.

Ларнака е трет град по големина, сместен на југоисточниот дел на островот. Модерен град настанат на руините на стариот град-држава Китион, поморско и трговско пристаниште и стратешка точка на феничаните. Во близина е соленото езеро Алики, зимувалиште на фламингоси, а духот на старите антички времиња се чувствува во целиот град. Тврдината, црквата на Св. Лазар, 3 џамии, археолошки музеј се само дел од богатото историско наследство на градот. Во близина на Ларнака се одлични песочни плажи.

Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и предивни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и „втора Ибица„, за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови, дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекидно, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажа, од кои најпознатите се Golden Beach /долга 1 км/ и Nissi Beach /долга 2 км/. За само неколку мин. со автобус или такси можете да стигнете до местото Протарас, кое нуди мирна и опуштена атмосфера.

САМА Холидеј располага со обемна понуда хотели на Кипар. Контактирајте не за да подготвиме персонализирана предлог понуда за Вашето патување.

 

Комплетна понуда хотели погледнете на линкот 

https://samaholiday.com.mk/leto/grcija-leto-odmor-hoteli-apartmani/itemlist/category/267-online-booking-hoteli-grcija

Можност за авионски превоз директен лет од Солун

 

Информации и резервации

Телефон +389 43 231 221

Мобилен +389 78 730 777

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Прочитано 207 пати

Медија

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top