fbpx

РИМИНИ (Сан Марино, Равена, Болоња, Фиренца)

  • Понудата е објавена на 27/02/2024

ЛЕТО 2024 РИМИНИ – ИТАЛИЈА
(Сан Марино,Равена, Болоња, Фиренца)

Римини – едно од најголемите и најпознати летни туристички летувалишта во Италија, со долги песочни плажи (15 км),ресторани, барови, водени паркови.До Римини се наоѓа најмалата Република во Европа-Сан Марино,што Римини го прави уште поатрактивен за туристите.

21.06.2024 Поаѓање од Македонија во 12 ч. со автобус преку Белград, Загреб, Љублана, со попатни паузи.

22.06.24 Пристигнување во Италија во предпладневните часови и сместување во 15.00 часот во хотел со 3* во Римини на 50м.од плажа. Слободно попладне за капење. Ноќевање.

23.06.24 Појадок. Ден за индивидуални активности, капење… Ноќевање.

24.06.24 Појадок. Слободно време за капење. Полудневен излет до Сан Марино. Ноќевање.

25.06.24 Појадок. Ден за индивидуални активности, капење. Ноќевање.

26.06.24 Појадок. Слободно време за капење. Полудневен излет до Равена-град кој нуди многу, прекрасни споменици на историјата, од кои 8 се признати од УНЕСКО. Ноќевање.

27.06.24 Појадок. Ден за индивидуални активности, капење. Ноќевање.

28.06.24 Појадок. Слободно време за капење. Можност за посета на Фиренца-град на реката Арно, каде ќе се видат: мостот Понте Векио, Катедралата Дуомо, статуата на Давид, крстилни- цата и звоното Ѓото, Галериа Уфици, Палата Векио. Ноќевање.

29.06.24 Појадок. Слободно предпладне за капење. Околу пладне поаѓање за Македонија со попатна посета на Болоња позната како:црвена,дебела и учена. Црвена поради бојата на зградите, дебела поради неодоливите гастрономски производи (тестенините-Таљатели) и учена поради Болоњскиот прв (1088г.) универзитет во Европа, каде може да се видат знаменитостите на градот: Пјаца Маџоре, базилика Сан Петронио, фонтаната Нептун… Продолжување преку Словенија, Хрватска и Србија…ноќно возење со попатни одмори.

30.06.24 Пристигнување во Македонија во пладневните часови.

ПРОМО ЦЕНА до 15.03.24: 22 000 ден., деца од 2 – 14 год =16 900 ден.
Редовна цена: 28 200 ден.

Во цената е пресметано:

  • Превоз со туристички авотбус на дадената релација
  • Сместување во хотел Telstar 3 * – 7 ноќевања со појадок во Римини – 50м од плажа
  • Користење на клима уред и Wi-fi
  • Попатна посета на Болоња
  • Водство и организација на патувањето

Во цената не е пресметано:

  • Здравствено осигурување без франшиза – 600 денари до 65год.
  • Доплата за туристичка такса 2.5 еур по лице по ден (задолжително), деца до 14 г. – бесплатно
  • Факултативен излет до Равена (15€)
  • Факултативен излет до Сан Марино (10€)
  • Факултативен излет до Фиренца и разгледување со локален водич (35€)
  • Влезници за посетите на културно историските споменици и други факултативни посети

За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.
Напомена: Пријавување до 01.04.2024 година, бројот е ограничен.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување и летување.

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top