fbpx

PARIS – Се наоѓа во стариот дел на Сарти, на само 100m од плоштадот и на околу 270m од плажа. Петокреветни апартман се наоѓа на приземје, а четворокреветно студио на прв кат. Потполно се реновирани. Опремени се со ТВ, бесплатен бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира, како и клима уред чие користење се доплаќа на лице место.

*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден
За резервација без попуст потребна е уплата од 40% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација.

За валидна резервација се потребни следните податоци:
-име и презиме на сите патници
-датум на раѓање
-контакт телефон
-е-маил адреса (доколку ја поседувате)
– адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)

Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмор и инструкции како да стигнете до местото, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија во 2 примероци, од кои едниот примерок го предавате на претставникот, а вториот го задржувате. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот како би ве регистрирал.

Такса за престој, во висина од 0,5 евро по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место пред влегување во објектот.

-Влез во сместувачките единици е по 15ч, а напуштање до 09:30ч по локално време.
-За хигиената во сместувачките единици се грижите сами, освен ако не е наведено поинаку во описот.
-Поради зголемувањето на цените на ел. енергија, се молат гостите да не го оставаат клима уредот вклучен кога не престојуваат во просторијата. Во спротивно сопственикот на објектот има право да ја укине услугата.
-За било какво оштетување на инвентарот за време на престојот, патниците се должни да ги известат сопствениците или претставникот на дестинацијата и истото да го подмират на лице место.
-За било каков недостаток од инвентарот, расипан уред или сл. пријавувањето можете да го извршите директно на претставникот на Организаторот, чиј тел. бр. ќе го добиете со ваучерот, 5-7 дена пред поаѓање.

Политика на откажување на резервацијата од страна на патникот:

Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Доколку сами најдете замена за уплатениот одмор, ќе Ви бидат наплатени само пенали за измена на податоци во висина од 15 еур во денарска противвредност. Во спротивно доколку целосно се откажува патувањето, пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите услови

0 – 45 дена пред поаѓање 10%
44 – 30 дена пред поаѓање 20%
29 – 20 дена пред поаѓање 30%
19 – 15 дена пред поаѓање 50%
14 – 10 дена пред поаѓање 90%
9 – 0 дена пред поаѓање или во текот на престој 100%

Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се смета како откажување од патување.
За секоја извршена промена на податок во договорот за патување се наплаќа административна такса во висина од 15 ЕУР!

За влез во Р. Грција пасошот треба да е со важност мин. 3 месеци од денот на враќање. Ве молиме истите да ги проверите пред уплата на резервација! Агенцијата не е одговорна за невалидни и истечени патни документи на сите наведени лица од потпишаниот договор, и нема да се смета за основ за откажување на резервацијата!

Патничко здравствено осигурување е препорачано да го имате за патување во странство. Информациите околку тип, цена и сл. можете да ги добиете директно во агенција.

Прочитано 1204 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top