fbpx

Вила „Mersinis“ во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија има се` што Ви е потребно за вистински одмор: конфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг, преубава плажа, мир, спокојство...Вилата е комплетно изолирана од градската врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот „Castello“ и е оддалечена само 2 км од прочуената „Lagomandra Beach“. Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во вилата „Mersinis“ ќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот секојдневно можете да пазарувате во мини маркетот, но и да ги користите услугите во ресторанот. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.

Вила „Mersinis“ има шест пространи апартмани на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

-7 % Попуст за целосна уплата заклучно со 25.02.2024

Термин Ноќевања 1/2+2 апартман 1/2+3 апартман
20.05-30.05.2024 10 300€ (18.600) 350€ (21.700)
30.05-09.06.2024 10 400€ (24.800) 450€ (27.900)
09.06-19.06.2024 10 500€ (31.000) 550€ (34.100)
19.06-29.06.2024 10 600€ (37.200) 650€ (40.300)
29.06-09.07.2024 10 700€ (43.400) 750€ (46.500)
09.07-19.07.2024 10 800€ (49.600) 850€ (52.700)
19.07-29.07.2024 10 800€ (49.600) 850€ (52.700)
29.07-08.08.2024 10 800€ (49.600) 850€ (52.700)
08.08-18.08.2024 10 800€ (49.600) 850€ (52.700)
18.08-28.08.2024 10 800€ (49.600) 850€ (52.700)
28.08-07.09.2024 10 650€ (40.300) 700€ (43.400)
07.09-17.09.2024 10 500€ (31.000) 650€ (40.300)
17.09-27.09.2024 10 350€ (21.700) 550€ (34.100)

- Цените во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
- Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
- Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време
- Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неос Мармарас
- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неос Мармарас
- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот
- Цена на повратен билет –50 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-40 евра…Цена за билет во еден правец 40 евра; деца од 2-12 години- 35 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.

 

Прочитано 10744 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top