Куќата се наоѓа во новиот дел на Сарти, попознат како плажата Сарти Бич, во средина идеална за пријатен и релаксирачки одмор. Само шеталиштето ја дели вилата од песочниот дел на плажата, каде што влезот во морето е постепен, погоден за семејства со мали деца. Од Центарот на Сарти е оддалечена на 1,7км.
Сместувачките капацитети се дизајнирани за сместување од две до четири лица. Голем број студија/апартмани имаат директен или страничен поглед на море, поглед на градина, еко студија кои немаат поглед, а секое од нив има комплетно опремена кујна, бања/тоалет, тераса, ТВ, WiFi интернет и клима (се доплаќа на лице место од 5 еур на ден) .
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2024
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2024
На ПРОМО цените не следува попуст , првите 2 и последните 3 термини се промо цени.
Понудата е валидна за сопствен превоз
За оваа програма нема да има организиран превоз, понудата се однесува за со сопствен превоз
-Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
-Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
-Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD)