fbpx

SARTI HOLIDAYS – Нова куќа која ги прими првите гости во 2018 година. Се наоѓа на 50 м од песочната плажа, на дваесеттина минути пешки од центарот на Сарти. Во понуда се студија за две до четири лица на ниско приземје, прв и втор кат. Сите имаат комарници, SAT TV, кабелски и сигнал за бежичен интернет, за чија брзина и проток агенцијата не може да гарантира и клима уред, чие користење е вклучено во цената. Организирано е промена на пешкирите и постелнината два пати во тек на престојот.

Студијата од предната страна на зградата имаат поглед кон брдото. Студијата од задната страна на зградата имаат поглед кон другите куќи и се наоѓаат на приземје, прв и втор кат. Студијата на приземјето, со оглед дека не се под нивото на земјата, се продаваат по редовни цени како и останатите на кат. Собите со ознака UT се наоѓаат на прв и втор кат и се со пониски цени, поради ориентацијата на терасите со поглед кон светларникот на куќата, па гостите имаат намалена приватност и полош поглед. Преку тие тераси не поминуваат другите гости.

Студијата со ознака DM (107,207) имаат поглед на море помеѓу зградите. Иста цена имаат и студијата со ознака garden (001,006), кои се на приземје и покрај тераса имаат и свој мал издвоен тревнат двор (околу 15 м2) со нишалка.

*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!

*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден

За резервација без попуст потребна е уплата од 40% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.

За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација.

За валидна резервација се потребни следните податоци:

-име и презиме на сите патници

-датум на раѓање на децата до 12 год

-контакт телефон

-е-маил адреса (доколку ја поседувате)

– адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)

Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмор и инструкции како да стигнете до местото, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија во 2 примероци, од кои едниот примерок го предавате на претставникот, а вториот го задржувате. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот како би ве регистрирал.

Такса за престој, во висина од 0,5 евро по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место пред влегување во објектот.

За комплетна уплата со резервација, постои можност за замена на попустот за сместување во терминот од 10. – 20.05.2024, и тоа:
– за комплетна уплата со резервација за престој во термините со почеток од 20.05. – 12.06. и 28.08. – 24.09., се одобрува попуст од 50% на цената на наемот за избраното сместување
– за комплетна уплата со резервација за престој во термините со почеток од 13.06. – 27.08., се одобрува ГРАТИС сместување за соодветниот број на лица, во периодот од 10. – 20.05., во објект по избор на организаторот. Објектот се одредува 7 – 10 дена пред почетокот на патувањето.

-Влез во сместувачките единици е по 15ч, а напуштање до 09:30ч по локално време.

-За хигиената во сместувачките единици се грижите сами, освен ако не е наведено поинаку во описот.

-Поради зголемувањето на цените на ел. енергија, се молат гостите да не го оставаат клима уредот вклучен кога не престојуваат во просторијата. Во спротивно сопственикот на објектот има право да ја укине услугата.

-За било какво оштетување на инвентарот за време на престојот, патниците се должни да ги известат сопствениците или претставникот на дестинацијата и истото да го подмират на лице место.

-За било каков недостаток од инвентарот, расипан уред или сл. пријавувањето можете да го извршите директно на претставникот на Организаторот, чиј тел. бр. ќе го добиете со ваучерот, 5-7 дена пред поаѓање.
Политика на откажување на резервацијата од страна на патникот:

Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Доколку сами најдете замена за уплатениот одмор, ќе Ви бидат наплатени само пенали за измена на податоци во висина од 15 еур во денарска противвредност. Во спротивно доколку целосно се откажува патувањето, пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите услови на патување

0 – 45 дена пред поаѓање 10%

44 – 30 дена пред поаѓање 20%

29 – 20 дена пред поаѓање 30%

19 – 15 дена пред поаѓање 50%

14 – 10 дена пред поаѓање 90%

9 – 0 дена пред поаѓање или во текот на престој 100%

Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се смета како откажување од патување.

За секоја извршена промена на податок во договорот за патување се наплаќа административна такса во висина од 15 ЕУР!

За влез во Р. Грција пасошот треба да е со важност мин. 3 месеци од денот на враќање. Ве молиме истите да ги проверите пред уплата на резервација! Агенцијата не е одговорна за невалидни и истечени патни документи на сите наведени лица од потпишаниот договор, и нема да се смета за основ за откажување на резервацијата!

Патничко здравствено осигурување е препорачано да го имате за патување во странство. Информациите околку тип, цена и сл. можете да ги добиете директно во агенција.

Прочитано 4640 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top