fbpx

Апартмани “АЛЕКС 2” се наоѓа на само 10 метри од плажа и од пешачката патека. Вилата се состои од 4 апартмани бр. 1 и 2 на прв спрат и бр.3 и 4 на втор спрат. Сите со поглед на море. Апартманите се опремени кујна, шпорет со рерна, фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица ,ТВ, тераси Wi-Fi интернет, купатило со када, клима уред. Сите апартмани се со оделна спална со француски лежај и 2 оделни кревети во кујна. Од спалната и од кујната имаат тераси.

Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.

За хигиената на апартманите се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

GPS: 40.01870815169756, 23.52638786901466

ПОПУСТИ:
-10% попуст за резервација со 50% уплата до 28.02.2024
-7% попуст за резервација со 50% уплата до 10.05.2024

Период Ноќи 1/3 апартман 1/4 апартман Коментар
19.05-26.05.2024 7 159€ 189€ промо
26.05-02.06.2024 7 199€ 219€ промо
02.06-09.06.2024 7 284€ 324€  
09.06-16.06.2024 7 374€ 424€  
16.06-23.06.2024 7 444€ 494€  
23.06-30.06.2024 7 524€ 564€  
30.06-07.07.2024 7 594€ 634€  
07.07-14.07.2024 7 644€ 684€  
14.07-21.07.2024 7 644€ 684€  
21.07-28.07.2024 7 644€ 684€  
28.07-04.08.2024 7 694€ 734€  
04.08-11.08.2024 7 694€ 734€  
11.08-18.08.2024 7 634€ 674€  
18.08-25.08.2024 7 554€ 594€  
25.08-01.09.2024 7 504€ 544€  
01.09-08.09.2024 7 384€ 434€  
08.09-15.09.2024 7 324€ 364€  
15.09-22.09.2024 7 189€ 219€ промо
22.09-29.09.2024 7 149€ 169€ промо

Во цената е вклучено:

  • Ноќевање,
  • клима уред
  • wi-fi.

Во цената не е вклучено:

  • Превоз,
  • патничко осигурување,
  • туристичка такса на ден (1,5еур ) се плаќа во објектот

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Цени, време и места на поаѓање

Цена по лице за превоз од Скопје за Халкидики (секоја Недела) време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 4:00 45€
Велес – БП мотел Македонија 4:30 45€
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес 3:40 60€
Неготино – бензинска, Неготино 5:00 45€
Граничен премин – бензинска Шимов 6:00 45€


Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА

локално (грчко) време македонско време место
15:00 14:00 Калитеа
14:45 14:00 Полихроно
14:30 13:30 Ханиоти

Услови:

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот.
Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
Попустите не може да се комбинираат.
Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%.

Отказ на резервации:
За отказ на резервација важат опшите услови, односно:

за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација

Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода…), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

 

Прочитано 7862 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top