fbpx
ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа  која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос - Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите,  супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.
Вилата “КЛЕОПАТРА“ е модерна вила, лоцирана е на самата плажа, стандардно опремена вила. Секоја соба има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар додека во апартманите има голем фрижидер и голем ел.шпорет со фурна.
Секоја соба има стандардно купатило и WC.Секоја соба има клима уред и  TV.Вилата има безжичен интернет и голем паркинг кој функционира на прво слободно место. 
 
ТЕРМИН *17.05 *24.05 *31.05 7.06 14.06 21.06 28.06 5.07 12.07 19.07 26.07 2.08 9.08 16.08 23.08 30.08 *06.09 *13.09
НОЌЕВАЊА 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
Апартман 1/2+1/2+1
бр.1 и бр. 3
макс. 1/2+1/2
страничен поглед на море
109 129 149 399 419 439 459 499 509 509 509 509 509 479 469 389 179 169
Апартман 1/2+1/2
бр.2
макс. 4 лицa
директен поглед на море
109 139 159 409 429 449 469 509 519 519 519 519 519 509 499 399 189 169
 
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (17.05; 24.05; 31.05; 06.09; 13.09 и 20.09.2024)

ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ,
ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ
-За пакет аранжманот во АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто,петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
доколку користат 45€ за возрасен или 35€ за дете од 02 - 12 години;
- дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
- за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

НАПОМЕНИ:

  • За рана резервација се уплаќа аванс од 50% веднаш, остатокот 21 ден пред поаѓање.
  • Попустите за рана резервација не важат за пакет аранжманите (термините означени со ѕвездичка)
  • Превозот ги остава патниците до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде е возможно да застане. 
  • Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денари (1€=62ден). 
  • За уплата за два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена. 
  • На акциски попуст или на смена со ѕвездичка на втората смена не се одобрува попуст за два последователни термини. 
  • Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник не се менува цената на веќе договорените услуги. 
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови на патување. 
  • За валидна резервација се смета само резервација со уплата на 30% од вкупната вредност на аранжманот. 
  • Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна 21 ден пред поаѓање. 
  • Во случај на веќе уплатен аранжман со попуст или рана резервација, средствата не се враќаат доколку патникот се откаже од патувањето.
  • Во случај на направена штета во студијата, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за истата. 
  • Агенциајата не е одговорна за квалитетот и брзината на интернет конекцијата. 
  • Доплата за туристичка такса (1.5еур од соба од ноќ) се врши во агенција.
  •  Апартманите и студијата имаат крпи за лице и тело, тоалетна хартија и сапун.
  • Користење на клима и WI-FI е бесплатно.

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

  • 45 € за возрасни – повратна карта;
  • 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
  • 30 € за возрасни или деца – карта во еден правец
  • Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија 04:30 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР - 25 € ПО ЛИЦЕ - ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро

ВИЛА “КЛЕОПАТРА” ЈЕРИСОС- (ОПИС НА АПАРТМАНИ )

Високо приземје
АПАРТМАН БР.1 (1/2)+(1/2)+1 дете 5 ЛИЦА
Апартманот се наоѓа на високо приземје.
Во кујната има еден кревет поединечен + еден поединечен кревет од кој се извлекува уште еден кревет на висина како поединечниот. Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли,голем фрижидер и комплетен кујнски инвентар. Во кујната има Тв и маса за ручавање. Спалната соба има еден дупол кревет (француски).Апартманот има плакар за алишта и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Излегува на тераса со страничен поглед на море.
Први кат

АПАРТМАН БР.2 (1/2) +(1/2) 4 ЛИЦА
Апартманот се наоѓа на први кат.Во кујната има еден поединечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување под поединечниот. Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли,голем фрижидер и комлетен кујнски инвентар. Во кујната има маса за ручавање, ТВ и клима уред. Спалната соба е со дупол кревет (француски),плакар за алишта. Има сопствено купатило и ВЦ.  Апартманот излегува на тераса со директен поглед на море.

АПАРТМАН БР.3 (1/2) +(1/2) 4 ЛИЦА
Апартманот се наоѓа на први кат.Во кујната има еден поединечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување. Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли,голем фрижидер и комлетен кујнски инвентар. Во кујната има маса за ручавање, ТВ и клима уред. Спалната соба е со дупол кревет (француски),плакар за алишта. Има сопствено купатило и ВЦ.  Апартманот излегува на тераса со страничен поглед на море.

Прочитано 4666 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top