fbpx

Еко кампот се наоѓа на Велешко езеро , 7 км од центарот на Велес и има прекрасен поглед кон езерото.  До Еко кампот се стигнува брзо и едноставно, возејќи по автопатот „Пријателство“, штом се мине патарината „Сопот“ на 400 метри потребно е да се исклучите, од десната страна, од каде по пристапен пат се стигнува за само 5 минути

Еко кампот располага со бар-ресторан,(самопослужување), 7 сместувачки единици (во вид на буре) за ноќевање со капацитет од 4 лица, отворен базен,содржини за деца, паркинг, тоалет, WI-FI. Сите сместувачки единици имаат просторија со брачен кревет, и два единечни кревети кои се наоѓаат во друга просторија. Опремени со клима уред, постелнини и пешкири.
Тоалетите се заеднички имаат туш кабини и ги користат само гостите на еко кампот

Бесплатен Wi-Fi е на користење на сите посетители.
Просторот има приватен паркинг обезбеден со 24/7 надзор, но и одговорно лице кое го обезбедува просторот.

Максимален капацитет е 28 кревети.
Во околината има патеки за спорт и рекреација околу езерото, можност за кајакарење, велосипедизам и риболов.


Check in 14:00 часот (можност за Early check in)
Check out: 11:00 часот (можност за late check out)

Сместување со домашни миленици е дозволено

Промотивна цена 35 € (наем од ден за 4 лица)

Во цената е вклучено
Наем на буре за 4 лица
Користење базен
Wi-Fi
Греење/Ладење на клима уред
Паркинг

Во цената не е вклучено
Дополнителн оброк со доплата
Појадок 310 мкд

Информации и резервации

043 231 221

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Прочитано 943 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top