fbpx

ХУРГАДА
Хургада - еден од најатрактивните ресорти во Египет, се наоѓа на окулу 5 часа возење ( 530км ) јужно од Каиро на западната обала на Црвеното Море - на афричко тло . Најголема атракција на Хургада е беспрекорно чистото и топло море. Од Нил ја делат окулу 150км каменеста пустиња чии врвови преминуваат 1700м. Градот е исполнет со голем број на ресторани, продавници, барови, мали пабови и интернет кафеа. Подводниот свет е исклучително богат така што Хургада е особено популарна кај љубителите на подводни спортови, нуркање и снорклинг.Она што е особено интересно за посетителите е и малиот, ненаселен архипелаг на корални острови со прекрасен подводен свет и бели, песочни плажи.
Освен за уживање во раскошот на стотиците хотели на обалата на Црвеното Море, Хургада е погодно лоцирана за посета на Каиро како и на импозантните храмови во Луксор стари по неколку илјади години.
Хургада е населена во почетокот на 20 век и од мало рибарско место, во последните десетина години прераснува во привлечна туристичка дестинација. Денеска Хургада е град со над 50.000 жители и се протега на повеќе од 40км покрај море.

Со САМА Холидеј !

Голем избор на проверени хотели!
Локални претставници & 24 часовна асистенција!
Одлични цени и услови на плаќање!
Долгогодишно и докажано искуство во Египет!
Ве водиме на преубави патувања од 1990 година!

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен 2022

Понеделник - петок 09.00 - 18.00

Сабота 09.00-14.00

Top