На североисточниот брег, на околу 15 км од Лименас е лоциран прекрасниот VATHI COVE LUXURY RESORT AND SPA. Се наоѓа на единствената природна мермерна плажа на островот. Опкружен со густа борова шума, лежи на самата плажа покриена со мермерен песок, со кристално чиста тиркизна вода.
СОДРЖИНИ: Рецепција, главен ресторан (самопослужување, кодекс на облекување), a la carte ресторан, барови, базен, WI-FI во собите и јавните површини на хотелот, паркинг, организирана хотелска плажа, лежалки и чадори на плажа и покрај базен, крпи за плажа, фитнес центар, спа центар и услуги за убавина (се доплаќа), хемиско чистење и пеглање (се доплаќа).
УСЛУГА: Основна услуга е ноќевање со појадок, а се овозможува и доплата за полупансион. Оброците се служат на шведска маса, самопослужување.
СОБИ: Собите вклучуваат бања, фен, клима, сателитска ТВ, Wi-Fi, телефон, мини бар/фрижидер, кафемат, сеф, пегла и даска за пеглање (на барање), балкон или тераса. Креветите се опремени со најквалитетни душеци.
Линк од хотел: VATHI COVE LUXURY RESORT & SPA 5* THASS0S
Working period from 10.05 till 05.10.2025
Stayover tax 15 ЕУР за соба на ден, се плаќа на лице место