fbpx

Локација: Хотелот се наоѓа на околу 700 метри од живописниот туристички град Потос на југот на островот, на пространа песочна плажа. Идеален за семејства и парови.

Содржини: Рецепција, лифт, ресторан, лоби, лоби бар, a la carte ресторан, бар, базен, детски базен, паркинг (бесплатно), двор, конференциска сала, пинг-понг, детско катче, фитнес клуб, сауна, двор, WiFi бесплатен интернет во јавните површини на хотелот и собите, перење алишта со доплата, промена на крпи на барање, појадок во соба на барање, услуга во соба 08:00-01:00, ран појадок. Користењето лежалки и чадори на плажа и покрај базен е бесплатно, а обезбедени се и крпи за плажа.

Сместување: Хотелот располага со 44 сместувачки единици. Сите соби имаат бања со фен и средства за хигиена, крпи за плажа, телефон, клима, мини-бар, сеф, креветче (на барање), сателитска ТВ и безжичен интернет, балкон/тераса.
Сите сместувачки единици се со двокреветни кревети, останатите легла се помошни.

Стандардните соби се со големина од околу 23м2 и се наменети за 2-3 лица. Тие содржат француски или два стандардни кревети и дополнително легло на барање. Имаат поглед кон внатрешноста на хотелскиот комплекс.

Семејните апартмани се со површина од околу 42м2 и се наменети за 2-4 лица. Тие се состојат од спална и дневна соба со брачен кревет и два дополнителни стандардни кревети или две софи. Имаат поглед кон внатрешноста на хотелскиот комплекс.

Семејните мезонети се со големина од околу 42м2 и се наменети за 2-4 лица. Тие се состојат од две спални соби и две бањи на две нивоа. Едната соба е опремена со француски кревет, а другата со два стандардни кревети.

Супериорните мезонети се со површина од околу 50м2 и се наменети за 2-4 лица. Тие се состојат од две спални соби и две бањи на две нивоа. Едната соба е опремена со француски кревет, а другата со два стандардни кревети.

Извршните мезонети се со површина од околу 62м2 и се наменети за 2-6 лица. Тие се состојат од три спални соби и две бањи на две нивоа. Двете соби се опремени со француски кревет, а третата со два стандардни кревети.

Услуга: Ноќевање со појадок на шведска маса, самопослужување.

Линк од хотел: ATRIUM 4* THASSOS

За резервација до 28.02.2025 10% попуст
За резервација до 31.03.2025 5% за престој во период од 16..05 до 30.05.2025 и од 30.09 до 05.10.2025

Уплата 50% веднаш и 50% 21 ден пред пристигнување

Working period from 16.05 till 05.10.2025
Stayover tax 7 Eur per room per day

book online

 

  • Локација:
Прочитано 2096 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top