fbpx

 

1 ден 25.04.2019 СКОПЈЕ – ХАЛШТАД - САЛЗБУРГ
Состанок со групата на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“ во 11.30 ч. и поаѓање за Салзбург во 12:00 часот. Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден. 26.04.2019 ХАЛШТАД - САЛЗБУРГ
Пристигнување во Халштад во утринските часови. Прошетка низ малото селце Халштад кој се наоѓа во подножјето на планинскиот масив ДАХШТАЈН (Dachstein) кој е дел од Австриските Алпи и на бреговите на истоименото езеро кое го одзема здивот со својата уабвина и изглед како од бајките. Слободно време за прошетка покрај езерото кое UNESCO го има ставено под своја заштита. Во договорено време поаѓање за Салзбург. Сместување во хотел и краток одмор. Во попладневните часови продолжуваме кон центарот на Градот (со јавен превоз), пешачка тура: Дворец Мирабел и градина, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од VIII век. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Враќање во хотел.  Ноќевање.
3 ден. 27.04.2019 САЛЗБУРГ – СТРАЗБУР 
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот.  Патувањето продолжува кон Стразбур. Пристигнување во пладневните часови во Стразбур, факултативен разглед на градот: плоштадот Клебер, катедралата Нотр Дам, Астрономскиот часовник сместен во самата катедрала, куќа Kammerzell од XV век, квартот Малата Франција со типични шарени фасади на Алзас, Плоштадот де Републик, театарот, Европскиот парламент и Советот на Европската унија... Слободно време за индивидуални активности и прошетка. Сместување во хотел. Слободна вечер за одмор. Ноќевање.
4 ден. 28.04.2019 СТРАЗБУР – КОЛМАР - БАЗЕЛ- СТРАЗБУР 
Појадок. После појадокот можност за целодневен факултативен излет во Колмар и Базел. Живописното градче Колмар се смета за најубавиот град во Европа. Овој древен француски град датира уште од 823 година, а со статусот на слободен град се здобил во 13 век, за времето на Светото Римско Царство. Со текот на времето власта врз градот се менувала помеѓу Франција и Германија, за по Втората Светска војна и прочуената битка наречена Колмарски џеб, конечно да и припадне на Франција. Се наоѓа во регионот Алзас и има околу 67.000 жители, разглед на градот: историскиот центар, црквата Св. Мартина, Доминиканска црква, Музејот Бартолди, Музеј Унтерлинден, слободно претпладне за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во попладневните часови поаѓање за Базел, Швајцарија. Пристигнување во Базел и разглед на центарот на градот пешачка тура: Градскиот парламент, Градската катедрала, трговската улица Freie str, Martkplatz, мостовите на Рајна и нејзините брегови кои Швајцарците често ги користат за одмор и рекреација. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Стразбур. Ноќевање. 
5 ден. 29.04.2019 СТРАЗБУР – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот, се упатуваме кон центарот на Стразбур. Слободно време за прошетка и индивидуални активности како и можност за посета на некои од музеите на Стразбур како и можност да се иксачите на камбанаријата на катедралата Нотр Дам која нуди прекрасен поглед на градот. Во попладневните часови можност за крстарење со панорамско бродче (факултативно) по реката ИЛ (III) и каналот Des Faux Remparts која го обиколува центарот на (Grand Île) Стразбур и историскиот дел La Petitt France. Во вечерните часови заминување за Скопје.
6 ден. 30.04.2019 СКОПЈЕ
Пристигање во Скопје во вечерните часови.
 
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 30.03: 259€/ 16.060 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 289€ / 17.920 мкд
 
Цената на аранжманот вклучува:
Превоз со високотуристички автобус
Сместување во хотел 3* во Салзбург – 1НП (ноќевање со појадок)
Сместување во хотел 2*/3* во Стразбур – 2НП (ноќевање со појадок)
Разглед на Салзбург
Професионален лиценциран пратител за време целото патување
Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
 
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.
 
 
Цената на аранжманот не вклучува:
Разглед на Стразбур со локален водич на англиски јазик - 15€
Целодневен излет во Колмар и Базел - 45€
Крстарење со панорамски брод во Стразбур - 15€
Туристичка такса во хотел во Стразбур – 2-5€ по лице на ден
Патничко осигурување без франшиза – 5€
 
 
Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на СКТМ
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
 
 
 
Прочитано 405 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top