fbpx
СТРАЗБУР – АЛЗАС – ШВАРЦВАЛД
 
Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсажот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност.
Главен град на регионот е СТРАЗБУР кој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД (Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади.А во плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села.
 
17 април СКОПЈЕ – БАЗЕЛ – СТРАЗБУР
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:00 часот. Полетување за Базел во 06:10 и пристигнување во 08:30 часот. Трансфер ја пречекува групата на аеродром, патување за Стразбур. Пристигнување во центарот каде не пречекува локален водич и почнува панорамскиот разглед: град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет, Европскиот Парламент, Меѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот:  Катедралата Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, Плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот познат и како мала Франција е најсликовитиот дел на Стразбур кој изобилува со шарени градби од дрво градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Сместување во хотелот. Вечерна прошетка. Ноќевање.
 
18 април  АЛЗАС: Риквир и Колмар
Појадок. Целодневен факултативен излет во Алзас: селото Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милион туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Посета на винарија и можност за дегустација на вино. Слободно време. Патувањето продолжува кон Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани... Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден.
 
19 април  ШВАРЦВАЛД: Баден Баден - Хајделберг
Појадок. Целодневен факултативен излет во Шварцвалд: разглед на Баде-Баден, се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и птретставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по сбоите лековити својства, па затоа и градот е идеално место за бански туризам. За неговото славно минато светочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и 3километри долгото шеталиште. Патувањето го продолжуваме кон Хајделберг, романтично градче сместено на реката Некар. Атракција е ренесансниот замок на брдото над градот кој спаѓа меѓу најимпресивните објекти во Германија и опстојува повеќе од 700 години, се вбројува во топ 10 најпопуларни европски знаменитости со повеќе од 3 милиони туристички посети годишно. Градот е седиште на една од најстарите образовни институции во Европа – Универзитетот Руперт-Карл, основан во 1386-та година. Панорамско разгледување на градот: Карловата капија 18-ти век, Замокот Хајделберг 14-ти век, Градското собрание од 14-ти век, стариот градски плоштад, стариот мост на Некар долг 200 метри од 18-ти век, готската црква на Свeтиот Дух од 14-ти век, Универзитетската четврт, Алејата на филозофите со најубав поглед на стариот дел на градот. Враќање во Стразбур.  Ноќевање.
 
20 април  СТРАЗБУР – ФРАЈБУРГ – БАЗЕЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Поаѓање за Базел, со попатна посета на Фрајбург:  градчето кое го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по Главниот плоштад со Катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, Трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, Градското собрание од 16-ти век, Плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Трансфер до аеродромот во Базел. Полетување за Скопје во 21:40 часот и слетување во 23:50 часот.
 
Цена за рана уплата до 31.01: 24.740 мкд(399 €)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 27.840 мкд(449 €)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски билет на релација Скопје –Базел – Скопје
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 8kg)
- Сите трансфери по програмата со автобус
- Сместување во Хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран разглед на Базел, Фрајбург и Стразбур
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси 3.990 мкд
- Доплата за багаж: кабинска торба до 10кг со димензии 50х40х23 -2.000 мкд / куфер  за чекирање до 10кг – 3.400 мкд / до 20 кг – 4.700 мкд
- Туристичка такса  930 денари (се плаќа во агенција)
- Крстарење по каналите на Стразбур 20 евра
- Факултативен излет до Алзас: Риквир и Колмар 65 евра
- Факултативен излет до Шварцвалд: Баден Баден – Хајделберг 75 евра
- Доплата за еднокреветна соба 6.900 мкд
- Влезници за локалитети и културно-историски споменици, јавен превоз...
- Патничко осигурување
 
НАПОМЕНИ:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ. За реализација на аранжманот е потребен  минимум од 25 патници, за реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари
 
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
 
Прочитано 75 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 14.00

Top