fbpx

 

3 дена/2 ноќевања

ЦЕНА : 99 ЕВРА (6.138 денари)

ПРОМО ЦЕНА: 85 ЕВРА (5.270 денари) за уплата до 31.01.2019 година

Деца до 7 години плаќаат 50% од цената на аранжманот

Деца над 7 години плаќаат редовна цена

1 ден 08.03.2019 (петок) Скопје – Златибор

Состанок на групата 30 минути пред тргнување.

01.15 часот тргнување од Велес (бензиска пумпа Макпетрол, кај кружниот тек)
02.00 часот тргнување од Скопје (паркингот на хотел Вип, спроти Скопски саем)
02.30 часот тргнување од Куманово
Организиран трансфер од Битола и Прилеп
Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Златибор во претпладневни часови. Сместување во хотел.

Слободно време за одмор и индивидуални активности. Препорачуваме, прошетка до езерото и паркот во центарот на градот, каде може да вкусите некој од златиборските специјалитети (пршута и кајмак). Можност за факултативна посета на Дино парк – тематски забавен парк за авантуристи од сите возрасти. Паркот се протега на површина од 6 хектари, во срцето на Златибор. Далеку од градската бучава, на чист воздух, во прекрасна борова шума, на оваа локација, без оглед на бројот на години, секој го наоѓа својот агол за да ужива. Дваесет мултимедијални реплики на диносауруси, како и дваесет содржини од светот на современата технологија, привлекуваат секојдневно стотици посетители ширум светот. Вечера во хотел. Ноќевање.

2 ден 09.03.2019 (сабота) Дрвенград – Вишеград

Појадок. Можност за целодневна факултативна екскурзија до Мокра Гора –

посета на филмското село на Емир Костурица – Дрвенград – изграден за филмот „Животот е чудо”. На патот кон Вишеград, во живописното планинско подрачје, се наоѓа манастирот Добрун, посветен на Успение на Пресвета Богородица, изграден во периодот 1340 -1343 година, кој целиот е опкружен со камен во кој се крие богата историја, врзана за нејзиното настанување и постоење. Потоа следува посета на босанскиот Вишеград – град со богата историја, сведок на турбулентни и сурови времиња, кои оставиле длабоки траги. Групна прошетка низ главната улица, како ѝ посета на најголемата атракција, прочуениот „Мостот на Дрина” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ како и второто дело на Емир Костурица „Андриќев град”. Враќање во Златибор во вечерните часови. Вечера во хотел. Ноќевање.

3 ден 10.03.2019 (недела) ЗЛАТИБОР – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Прошетка во шопинг центар „Плаза“. Заминување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел*** на база 2 ноќевања со полупасион (Wi-fi и кабелска Тв)

– Посета на шопинг центар

-Туристички придружник во тек на целото патување

-Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Факултативни излети и екскурзии:

Екскурзија до Мокра Гора и Вишеград со вклучен превоз,локален водич и влезница за Дрвенград – 15 евра
-Влезница за Дино парк

Возрасни – 5 евра
Деца од 3 до 15 година – 2.5 евра
Деца до 3 години бесплатно
-Задолжитено патничко осигурување (99 денари)

*За реализација на факултативни екскурзии се потребни минимум 20 пријавени патници

НАЧИНИ И УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
Цените на аранжманот се дадени во евра, се плаќа исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
ОПШТИ НАПОМЕНИ:


– Цената е дадена по лице за сместување во двокреветна, трикреветна соба и четирикреветна соба

-За реализација на аранжманот се потребни минимум 30 пријавени патници

-За ова патување важноста на пасошот мора да биде минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот

-Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот

– Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот

-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците

-Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на програмата

За оваа програма важат општите услови за патување

Прочитано 524 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top