fbpx

ИСТАНБУЛ, Aвтобус

  • Понудата е објавена на 09/11/2020
 
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
 
30.декември (среда)          СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку Р.Бугарија. Ноќно возење со попатни одмори.
 
31.декември (четврток)          ИСТАНБУЛ – ТОП КАПИ
Пристигнување во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата... завршеток со пешачки разглед на “златниот рог” и неговите знаменитости: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство), можност за посета и на базиликата „Цистерна“ (позната и како „Потоната палата“ - најголемата од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул). Можност за посета на палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед (некогашно главно седиште на Османлиската империја, изградена во времето на Султан Мехмед II). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан или на Босфор, со богато мени и културно-уметничка програма. Ноќевање.
 
01.јануари (петок)          ИСТАНБУЛ – ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ
Појадок. Предлагаме, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила.  Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Островот каде императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Можност за вечера во национален ресторан. Ноќевање .
 
02.јануари (сабота)          ИСТАНБУЛ (ДОЛМА БАХЧЕ И БОСФОР)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или можност за факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај (првиот дворец изграден во Османлиската империја, кој до 1922 г. бил резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 г. во него живеел и Кемал Ататурк). Денес е национален музеј, кој содржи уметничко-историски збирки од непроценливо богатствО. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативно крстарење со брод по Босфор и панорамско разгледување на палатите од двете страни на каналот. Пловење под мостовите над Босфор, кои ги поврзуваат копната на континентите Европа и Азија. Ноќевање.
 
03.јануари (недела)          ИСТАНБУЛ -  ЕДИРНЕ (Едрене)– СКОПЈЕ 
Појадок. Заминување кон Едирне, најзападниот турски град, шармантно, живописно место богато со историја и архитектура. Оваа втора османлиска престолнина била во рацете на многу народи со векови, но сепак останува еден од најзначајните политички и економски центар. Во градот има бројни џамии, од кои најпознати се оние во „златниот триаголник“: Селимије (УНЕСКО) изградена во 16 век  по наредба на Селим Втори, син и наследник на Сулејман Величествениот, џамија со највисоки минариња  во Турција (втора во светот) со своите 70,9 м; џамијата Ич Шерефели со своите четири карактеристични минариња од најразличен дизајн; Ески џамија, најмалата и најстара џамија позната по своите калиграфски натписи на внатрешните sидови. Другите знаменитости вклучуваат: чаршија Семиз Али Паша, која исто така беше изградена од Синан, Султановиот мост преку реката Тунџа итн. Предлагаме пауза во улицата Сарачлар, пешачка улица со многу продавници и кафулиња. Попладне заминување кон Македонија. Патот води преку Бугарија. Дневно и ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.
 
Цена на аранжманот: 
149 € (9.240 мкд)
129 € (8.000 мкд) за уплати до 15.ноември
 
Во цената на аранжманот е вклучено:          
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во Истанбул, во хотел ***,  на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Истанбул и Едирне
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:     
- Посета на Долма Бахче Сарај  (влезницa, превоз и локален водич - 25€) 
- Крстарење по Босфор (карта и локален водич 15€)
- Посета на Принцеските острови (трансфер од хотел, фери брод, ручек, локален водич, разглед на островот) 35€
- Национален ресторан (вечера, ограничен пијалок и шоу-програма – 35€)
- Новогодишна вечера во национален ресторан (вечера, неограничен  локален пијалок , шоу програма и трансфер – 95€)
- Новогодишно крстарење по Босфор (вечера, неограничен локален пијалок , шоу програма  и трансфер – 105€)
- Влезници за музеите, палатите и културно историските споменици
- Патничко здравствено осигурување 
 
НАПОМЕНИ:
- Датум на важност на пасош: минимум 120 дена од датумот на враќање.
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 

Top