fbpx

ТИВАТ со посета на ДУБРОВНИК и КОТОР

29.декември (недела) СКОПЈЕ - ТИВАТ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00ч. Поаѓање на автобусот за Тиват во 23:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

30.декември (понеделник) ТИВАТ
Пристигнување во Тиват во претпладневните часови. Разглед на градот: католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс "Порто Монтенегро" (единствена марина на Јадранот, за љубителите на водените спортови), Ботаничката градина (изградена по наредба на адмиралот на австроунгарската морнарица Макимилиан Даблес фон Шротернек, кој со декрет побарал од сите капетани да донесат примероци од разни растенија за да го украсат военото пристаниште Арсенал во Тиват). Благодарение на благата клима, растенијата се совршено вкоренати и денес, а градината која зафаќа површина од 4 хектари е една од најголемите во јужниот дел на Јадранското Море. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

31.декември (вторник) ТИВАТ - ДУБРОВНИК
Појадок. Можност за факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала... во враќање, попатана посета на Цавтат. Враќање во Тиват во попладневните часови. Вечерта, незаборавен Дочек на Новата 2019 година. Ноќевање.

01.јануари (среда) ТИВАТ - KOTOР - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности, или факултативна посета на прекрасниот стар град - Котор: катедралата св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, Поморскиот музеј, црквата Св.Никола... Попладне, заминување за Македонија преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 99 € (6.140,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со туристички автoбус на наведената релација
• Сместување во хотел "Palma" ****, 2 ноќевања со појадок
• Организирани разгледи според програмата
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултативна посета на Дубровник (15€)
• Факултативна посета на Котор (5€)
• Влезници за музеите и културно-историските споменици
• Патничко здраствено осигурување.
• Туристичка такса и осигурување 1,5 € по лице на ден (се наплатува на рецепција)

НАПОМЕНИ:
- Цената на аранжманот е дадена по лице, со сместување во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Прочитано 713 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 14.00

Top