fbpx

Најубаво украсен град за Нова година 2019, Загреб е град кој успева на посетителите да им го одземе здивот со божиќната магична атмосфера. Израснал од две населби на два соседни рида (Градец и Каптол) кои го сочинуваат јадрото на денешен Загреб.Градот денес е главен град на Хрватска и претставува нејзин културен, административен и научен центар.

1 ден: 29.12.2019 Штип-Велес-Скопје-Загреб
Поаѓање за Загреб од Штип пред Нова пошта во 22:00ч. Поаѓање од Скопје на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“ во 23:00ч. Ноќно возење преку Србија со запирање за царински формалности и попатни паузи.

2 ден: 30.12.2019 Загреб
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со автобус: Марков Трг место кадешто е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотршчак, Долац-пазарот на отворено и главната Катедрала.
Сместување во хотел.Слободно време за прошетки и индивидуални активности.
Можност за шопинг во еден од најголемите шопинг центри во Загреб – Арена Центар,кој е во непосредна близина на хотелот и загребската Арена.
Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: 31.12.2019 Загреб
Појадок.Рекреативна прошетка по долината на реката Сава до прекрасното загребско езеро Јарун,по чие име е добиено истоимената област во Загреб.Во склоп на езерото се наоѓа – стаза за веслање (долга 2 километри) и две помали рекративни езера (Големо и Мало Езеро).Освен рекреативни активности,овде се одржуваат веслачки и едриличарски регати,натпревар со кајаци и кану на мирна вода,пливачки маратони,атлетски трки.На брегот на езерото има повеќе ноќни клубови кои ќе ви овозможат целосно да го почувствувате ноќниот живот во Загреб.Во склоп на рекреативниот центар има повеќе мали островчиња- остров на љубовта,Остров на веслачите,Остров на хрватската младина,Остров на дивината...
Враќање во хотел и подготовка за Дочек на најлудата ноќ во годината – Нова Година 2020.Ноќевање.

4 ден: 01.01.2020 Загреб-Ниш-Скопје-Велес-Штип
Појадок.Слободно време за индивидуални активности. Во 12ч одјава од хотел и заминување кон Ниш (Србија).Пристигнување во Ниш во попладневните часови.Панорамски раглед на Ниш, град во јужна Србија кој располага со многу историски места: Череп кулата(19 век), Медиана (Археолошки локалитет), Казанџијско сокаче (пример за оргинална архитектура од османлискиот период), Црвени крст концентрационен логор, Бубанј (споменик на паднатите борци- југословенска Втора светска војна) и Нишката тврдина-тврдината се наоѓа во центарот на градот овде завршува панорамскиот разглед. Слободно време за индивидуални активности, пауза за кафе и ручек. Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.


Цена до 20 Ноември: 8.060,оо денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9.300,оо денари


Во цената е вклучено:
-автобуски превоз на наведената релација
-две ноќевања во Хотел 3* со појадок
-посета на Ниш
-туристички придружник во текот на патувањето
-организација и водство на аранжманот


Во цената не е вклучено:
-туристичка такса 2 евра од ден
-патничко осигурување


НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

Прочитано 1931 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 14.00

Top