fbpx

МИЛАНО со посета на КОМО и ЛУГАНО

Автобус / 5 дена/ 3 ноќевања

28 Декември 2019 (сабота) СКОПЈЕ - МИЛАНО
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 10:00 часот. Тргнување за Италија во 10:30 часот. е патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи и гранични формалности.

29 Декември 2019 (недела) Franciacorta outlet- МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време за шопинг. Во договореновреме се продолжува за Милано. Пристигнување и сместување во хотел. Во попладневните часови можност за шопинг по прекрасните божиќни тезги поставени во центарот на Милано… Враќање во хотел. Ноќевање.

Декември 2019 (понеделник) МИЛАНО
Појадок. Запознавање со елитниот Милано, еден од најразвиените урбани центри во Европа, модна престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Galleria Vittorio Emanuele што ги поврзува Катедралата Дуомо и една од најпознатите оперски куќи во светот, Миланската Скала, градската куќа на Милано... Почувствувајте ја највисоката мода во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, изградена во период 1865-1867 година, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со толку многу луксуз и детали за восхит. Во средината на Галеријата е поставен плоштадот - октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија - Рим, Фиренца, Милано и Торино (традицијата вели дека ако едно лице ја стави петата на гениталиите на бикот и се сврти во круг три пати, ова ќе му донесе среќа). Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка... Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

декември 2019 (вторник) МИЛАНО - ЛУГАНО - КОМО
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico... Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Околу Езерото, светскиот џет сет има свои вили и го поминува својот одмор. Можност за крстарење по езерото-факултативно. Тука се снимени и некои од подобрите филмски остварувања, меѓу кои и Казино Ројал со Џејмс Бонд. Враќање во хотел. Слободно време за одмор во бечерните часови дочек на Нова Година 2020 на плоштадот Дуомо.Враќање во хотел. Ноќевање.

Јануари 2020 (среда) МИЛАНО - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел и заминување за Скопје со попатна посета на Верона. Пристигање во Верона во попладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи .

02 Јануари 2020 (четврток) ВЕРОНА - СКОПЈЕ

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 евра / 11.720 ден за уплата до 15.11.2019

199 евра / 12.300 ден редовна цена

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
Сместување во Хотел со 3*** во околината на Милано на база 3 ноќевања со појадок
Посета на Верона
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Разглед на Милано 10 еур
Факултативна посета на Лугано и Комо 30 евра
Крстарење по езерото Комо 10 евра
Туристичка такса 3-5 евра на ден ( се плаќа во хотелот)
Патничко-здравствено осигурување 200 денари

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници.
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во Евра, уплата се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1евро = 62 мкд
Доплата за еднокреветна соба 960 мкд
Пасошот реба да има важност мин.3 месеци од денот на враќање во државата

Прочитано 2623 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 14.00

Top