fbpx

НОВИ САД,СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
со посета на ТЕМИШВАР и БЕЛГРАД

Нови Сад е втор по големина град во Србија, по Белград, значаен историски културен економски центар на Србија. Град кој не случајно ги носи двeте титули како Европска престолнина на младите во 2019 и Европска престолнина на културата за 2021.Тој плени со својата архитектура историја и позитивна енегија. \Нови Сад се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка Гора, познат по Петроварадинската тврдина.

Темишвар е град во Романија. Тој е најголем град во Банат, кој го нарекуваат „Мала Виена“ токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт и целата архитектура и амбиентот потсетуваат на стариот дел на Виена. Во поновата историја пак градот е познат и по тоа што токму тука на 16 декември 1989 година започнале протестите кои и претходеле на Револуцијата, а подоцна и на падот на режимот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску.

Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Тој е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт


Прв ден 02.05.2024 (Четврток)
Поаѓање во 23:30 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

Втор ден 03.05.2024 (Петок)
Пристигнување во Сремски Карловци кратка обиколка на градот кој е познат по своето вино. Посета на Патријаршијата црквата св.Никола фонтаната Четири Лава и Карловачката гимназија.
Потоа се продолжува кон Нови Сад - разгледување на градот со локален водич. Посета на Петро- Варадинската тврдина која се наоѓа на 120 хектари површина со безброј подземни тунели чии темели се поставени во 17 век а изградбата траела 88 години. Ремек дело на тврдината е пијаниот часовник кој гордо стои на тврдината. Посетата продожува по улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква. Слободно време. Смесување во хотел.
Можност за факултативна вечера на Салаш.
Ноќевање.

Трет ден 04.05.2024 (Сабота)
Појадок.
Факултативен целодневен излет до Темишвар - Романија. Пристигнување во Темишвар. Организиран разглед на градот: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем - подарок од градот Рим. Посета на Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас.
Слободно време за шопинг.
Враќање во Нови Сад. Пристигнување во вечерните часови.
Ноќевање.

Четврти ден 05.05.2024(Недела)
Појадок и одјавување од хотелот.
Поаѓање за Белград, разглед на градот со локален водич: храмот Св. Сава, плоштадите Теразије, Славија, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот.
Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

Петти ден 06.05.2024 (Понеделник)
Пристигнување во Македонија во раните утрински(ноќни) часови.

ПРОМО ЦЕНА 119 евра 7.380 денари до 01.04.2024
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 159 евра / 9.860 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,
• 2 Ноќевања со појадок во Хотел во Нови Сад,
• Пешачки разглед со локален водич на Сремски Карловци и Нови Сад,
• Профисионален туристички придружник,
• Организација и реализација на патувањето
• Туристичка такса.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Целодневен излет до Темишвар - 30 евра (миниум 35 патници)
• Вечера на традиционален Салаш (дополнително цена)
• Пешачки разглед со локален водич на Белград - 10 евра (задолжителна доплата)
• Здраствено патничко осигурување (задолжително) - 200 ден.

Напомена:
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
• Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
• Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
• Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
• Патувањето до Нови Сад може да се реализира и со лична карта, пасошот е потребен за факултативната посета на Темишвар.
• Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
• Уплата исклучиво во денари.
• За оваа патуваање важат општите услови за патување на СКТМ

Прочитано 2290 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top