fbpx
1 ден 09.10.2019 СКОПЈЕ – ТРСТ
Состанок со групата во 14:30 ч. и поаѓање за Венеција 15:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.
 
2 ден 10.10.2019  ТРСТ – ПАЛМА НОВА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village каде се задржуваме 2 часа. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
 
3 ден 11.10.2019 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Појадок. После појадокот заминување на разглед на ВЕНЕЦИЈА со брод од Пунта Сабионе. Панорамски разглед на градот со локален водич: Плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде ... Враќање во Лидо ди Јесоло. Вечерта можност за посета на национален ресторан со забава и жива музика. Ноќевање.
 
4 ден 12.10.2019 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот заминување за ВЕРОНА. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре... слободно време за прошетка низ Верона и можност да пробате оригинална италијанска пица. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.
 
5 ден 13.10.2019 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
 
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 14.09.2019 : 139eur/8.618ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159eur/9.860денари
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз со високотуристички автобус
Сместување во хотел со 3* - 2 НП (ноќевање со појадок) во Лидо ди Јесоло
Организиран разглед на Венеција со локален водич
Организација, реализација и придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
ВЕНЕЦИЈА: брод + превоз: Лидо ди Јесоло – Венеција – Лидо ди Јесоло – 20€
Посета на национален ресторан – 25€ (вклучено мени – вечера)
Задолжителна посета и разглед на Верона со локален водич - 10€
Влезници за културно-историските знаменитости
Патничко осигурување –  5€
 
Напомена:
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
За ова патување важат општите услови на СКТМ
 
Прочитано 345 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top