fbpx

Дополнителни  10% ПОПУСТ  за првите 10 уплати до 30 Ноември !!!

 ПРОГРАМА:
1 Ден  06.Март.2020  СКОПЈЕ – ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:
Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 08 30 ч.. Поаѓање во 09:00 часот. Се патува преку Грција,  граничен премин Богородица ( Солун, Кавала, Истанбул...), со попатни паузи за одмор и царински формалности.
 
2 Ден  07.Март.2020  СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU)  - ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА:
Патуваме кон Кападокија со попатна пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот... долго 80 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро...  По одморот продолжуваме кон Ѓореме,Кападокија. Пристигнувањее во пладневните часови. Сместување во одбран хотел. Индивидуална прошетка и запознавање со местото.
 
Во пoпладневните часови започнува магијата на Кападокија:
Предлагаме возбудлива посета на ЦРВЕНА ДОЛИНА и запознавање со првите приказни за Кападокија. Потоа прошетка низ стара грчка напуштена населба но и стари селџучки куќи се уште во употреба. Прошетка покрај “самовилинитеоџаци“. Можност за освежување со свежо цеден сок од калинка. Посета на остатоците од старата тврдина - место со најубавиот залез на сонцето(факултативно). Вечера. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Ѓореме.  Ноќевање.
 
03 Ден  08.Март.2020 ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА :   ЛЕТ СО БАЛОН -  ГОЛЕМА ТУРА – ТУРСКА ВЕЧЕР
Денот е предвиден за 3 возбудливи факултативни излети:
 
1. ЛЕТ СО БАЛОН: од платото нахотел ТУРИСТ 4*
Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над самовилските оџаци на Кападокија. Ова е авантура што никогаш нема да ја заборавите... уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно се издига. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако... магичното изгрејсонце. Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот и сертификат за летање со балонот.Враќање во хотел.
Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните. Летот на балоните најмногу зависи од временските услови (ветер, дожд, магла). Појадок.  
2. КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА:
Ве водиме во подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земја, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км.... Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка  по дел од долината, по течението на реката Мелендиз,  со пауза за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Пауза за ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река... Продолжуваме кон манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во  Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години (факултативно). Враќање во хотел. Вечера.
3. ТУРСКА ВЕЧЕР:
Во вечерните часови факултативно ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.  Враќање во хотел. Ноќевање.
 
04 Ден  09.Март.2020: ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА:  СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА
Појадок.  Ве водиме во Срцето на Кападокија (факултативно). Прошетката започнува со Ѓореме – срцето на Кападокија, со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина а најзначајна од нив е црквата Св. Василиј... Комплексот е под заштита  на УНЕСКОод 1984 год. Одиме кон замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме... Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи.  Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир.  Следи разглед на  Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила... а потоа посета на долината на имагинации Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени - волшебни оџаци.  Посета на долината на љубовта и за крај кратка пауза за фотографирање во долината на гулабите. Враќање во хотел. Слободно време. Вечера.
По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија – Танц на Дервишите, во автентичен амбиент на   SARIHAN Керван Сарај од 1259, сместен покрај некогашниот пат на свилата.(факултативно)
Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите.  Ноќевање.
 
05 Ден  10.Март.2020: ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА - АНКАРА
Појадок. ... Полни со впечатоци, поаѓаме кон Анкара. По пристигнувањето во Анкара заминуваме на разглед на главниот град на Турција со локален водич (факултативно). Разгледување на стариот и новиот дел на Анкара, старата зграда на Парламентот од каде Кемал Ататурк ја прогласува Турската Република, зградата на новиот Парламент... посета на Големата џамија, Мавзолејот на Ататурк основачот на современа Турција. Сместување во луксузниот хотел Бера 5*. Во вечерните часови ве водиме во некој од големите шопинг центри.
 
06 Ден  11.Март.2020: АНКАРА - СКОПЈЕ
Појадок. Во 08.00 поаѓање кон Македонија. Се патува покрај Истанбул, граничен премин Ипсала, преку Грција (Кавала, Солун), граничен премин Богородица, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје по полноќ.
 
ЦЕНА  НА  АРАНЖМАНОТ, во зависност од изборот на хотел во Кападокија :
 
ХОТЕЛ во КАПАДОКИЈА  3/4* - Невшехир, Аванос, Ургуп
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2020: 159 € / 9.900 ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 € / 11.100 ден
 
“TOURIST HOTEL & RESORT CAPPADOKIA”4* - ЃОРЕМЕ 
Од просторот пред  хотелот полетуват балоните !
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО  31.01.2020: 169 € / 10 500 ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:189 € / 11.720 ден 
 
CAVE / STONE – ПЕШТЕРСКИ ХОТЕЛИ во ЃОРЕМЕ  
Појадок со поглед на балоните кои летаат над Вас !
“OSMANBAY” CAVE HOTEL,  “ZARA” CAVE HOTEL –
Уникатно доживување, престој во реновирани пештерски куќи,
луксузно опремени соби со ТВ,купатило и тоалет, клима/греење...
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2020: 179€ / 11.100 ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   199€ / 12.400 ден
 
 
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
3 Полупансиони (шведска маса) во хотел Hotel Tourist 4*, во Гореме, во срцето на Кападокија.
Од платото на хотелот, крајј прекрасниот базен, ќе го гледате полетувањето на балоните или
3 Полупансиони  во  CAVE/ STONE хотели  “OSMANBAY” CAVE HOTEL,  “ZARA” CAVE HOTEL во Гореме, во срцето на Кападокија.
Појадок шведска маса,вечера на база послужување во локален ресторан во Гореме.  или
3 Полупансиони  во хотел 3/ 4* во регионот Кападокија ( Невшехир, Ургуп, Аванос).
ГРАТИС 1 ноќевање со појадок, (шведска маса) во центарот на Анкара во хотел BERA со 5*
Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,
Организација на патувањето,
Лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.
 
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжително патничко осигурување
Разглед на Анкара со локален водич (10 €),
Голема Тура Кападокија, совлезници и  вклучен ручек (без пијалок) (45€),
Срцето на Кападокија со влезници и ручек (без пијалок) (45€),
Црвена Долина  со залез на сонцето (15€),
Турска вечер со шоу програма, вечера и неограничен пијалок- (35€),
Танц на дервишите /церемонија - (25€),
Лет со балон  - (од 180 €) . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација
(Информација за дефинитивната цена  и можни слободни места ќе имаме  непосредно пред патувањето.)
Туристичка такса 300 ден по лице ( се плаќа во агенција )
Доплата за еднокреветна соба : хотели Кападокија 3600 ден, х.Турист 3900 ден, Cave: 4200 ден         
 
* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.
* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.
* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
* Седењето во автобус е според датумот на уплатата.
* Останатите услови на патување важат според годишниот програм
Прочитано 462 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 14.00

Top