fbpx

ПРОГРАМА:

05.март (четврток) СКОПЈЕ – ТИВАТ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00ч. Поаѓање на автобусот за Тиват во 23:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

06.март (петок) ТИВАТ
Пристигнување во Тиват во претпладневните часови. Разглед на градот: католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс "Порто Монтенегро" (единствена марина на Јадранот, за љубителите на водените спортови), Ботаничката градина (изградена по наредба на адмиралот на австроунгарската морнарица Макимилиан Даблес фон Шротернек, кој со декрет побарал од сите капетани да донесат примероци од разни растенија за да го украсат военото пристаниште Арсенал во Тиват). Благодарение на благата клима, растенијата се совршено вкоренати и денес, а градината која зафаќа површина од 4 хектари е една од најголемите во јужниот дел на Јадранското Море. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

09.март (сабота) ТИВАТ-ДУБРОВНИК
Појадок. Можност за факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала... Враќање во Тиват во попладневните часови. Вечерта, можност за факултативна свечена вечера во ресторан. Ноќевање.

08.март (недела) ТИВАТ – KOTOР – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности, или факултативна посета на прекрасниот стар град - Котор: катедралата св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, Поморскиот музеј, црквата Св.Никола... Попладне, заминување за Македонија преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 99 Є (6.138,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Palma ****, 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативен целодневен излет до Дубровник и Котор 15€
- Факултативна посета на Котор (5€)
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Патничко здраствено осигурување
- Туристичка такса и осигурување 1,5€ по лице на ден (се наплатува на рецепција)

НАПОМЕНИ:
- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Резервирај сега 043 231 221

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

 

 

 

Прочитано 724 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 14.00

Top