fbpx

12 март СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на аеродром Скопје во 15:30 часот. Лет за Рим во 17:20 часот. Слетување во Рим во 18.55 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Чампио... Трансфер до хотел. Сместување. Вечерта, на атрактивна локација, може да украдете дел од културата на италијанците...пица, паста, вино, кафе, сладолед... Ноќевање.

13 март РИМ

Појадок. Панорамски разглед со автобус и локален водич (траење 2 часа): Св. Јован Латерански, Порта Маџоре, Аурелијански ѕидини, Св Петар и Павле, Каракалини терми, кејот на Тибар, замокот Ст.Анџело, Св.Петар, Св.Павле надвор од ѕидини – фото стоп и посета на гробот на Св.Павле, плоштадот Дел Пополо .... Пауза за ручек и кафе во близина на Колосеум.

Попладне (факултативно) - Антички Рим - со влез во Римскиот форум и Колосеум, со локален водич (траење околу 4 часа) - Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција, олтарот на Татковината, плоштадот Кампидољо.... Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.

14 март РИМ

Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи..., Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар.... Пауза за ручек и кафе. Попладне, факултативно разглед на Барокен Рим, (траење околу 2 часа) - уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, плоштадот Навона, Нептиновата фонтана, фонтаната на Четирите реки, фонтаната на Маврот ... Слободно време. Ноќевање.

15 март РИМ – СКОПЈЕ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте - е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Организиран трансфер до аеродромот Чампино (оклу 17.00ч). Полетување за Скопје во 20:15 часот. Пристигнување во Скопје во 21.50 часот.

ЦЕНА за уплата до 15.01 239€ (14.820 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 269€ (16.680 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз: Скопје – Рим - Скопје со Визер
Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг
Трансфер аеродром – хотел - аеродром
Сместување во хотел на база 3* ноќевања со појадок
Организиран панорамски разглед на Рим
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Аеродромски такси 3.700 мкд
Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во агенција)
Доплата за чекиран багаж - куфер до 10kg 1.800 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
Влезници во музеите и културно историските споменици
Карти за локален превоз (метро)
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 4.700 мкд
Факултативни излети:
Всатикански музеј, Св.Петар, Сикстинска капела, - 60 евра

Тиволи – 50 евра

Барокен Рим - Рим 15 евра

Антички Рим – 35 евра

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ 
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во претпродажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

Организаторот го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Прочитано 3278 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 14.00

Top